По неодамншниот хаос при стартот на електронскиот рецепт кога се блокираше компјутерскиот систем , ситуацијата полека се стабилизира тврдат во Здружението на приватни лекари на Македонија. На барање на лекарите проектот беше итно стопиран, бидејќи неможеа да издаваат електронски рецепти и да упатуваат на специјалист.
-Со тоа се увиде колкав е обемот на работа на матичните лекари. За побрзо да функционира комјутерскиот систем ние побаравме да се зголеми и прошири рам меморијата и софтверот. Координаторите ќе започнат да одат по градовите во внатрешноста за побрзо да се лоцираат проблемите изјави за НОВА Лилијана Чолакова Дервишова.
Дента кога започна да функционира електронскиот рецепт уште во 7 и 30 часот наутро се блокира серверот на Министертвото за здравство. Поради ова настана хаос, револтиранитепациенти кои со часови бесполезно чекаа во ординациите својот бес го исфрлија на лекарите и медицинските сестри.
Уште вечерта на итен состанок во Министерството беа повикани сите информатички фирми, а од утредента се врати стариот начин на пишување на рецепти.