Утрово пред вратите на Сојузот на синдикатите се случуваше вистинска драма кога новиот директор на ССМ, Дарко Димовски со своите соработници дојде да ја преземе својата нова функција од досегашниот лидер на синдикатите, Живко Митревски.
Со решението во рака, Димовски иако се обиде, беше спречен да влезе во седиштето на ССМ.
По настанатата турканица, искрешни беа стаклата на влезната врата, по што интервенираше полицијата.

По одредено време, пред вратите се појави и Митревски кој побара неколку часа да ги собере своите работи од канцеларијата по што најави дека во 15 часот ќе ја предаде функцијата на Димовски.
Димовски, претходно претседател на СУТКОЗ, за лидер на ССМ беше избран пред повеќе од една година, но Митревски “успеваше“ да не ја предаде функцијата.
Димовски вети дека од денеска почнува вистинската борба за работничките права во земјава.




