НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Србија по ЦЕФТА ќе одлучи за доматите и вината од РМ

0
By Менче Атанасова Точи on July 9, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Српската влада по состанокот на Секретаријатот на ЦЕФТА ќе одлучи дали ќе го ограничи увозот на домати и вина од Македонија пишуваат српските медиуми.

Седницата ќе се одржи на 22 јули во Белград, а состанокот е свикан на барање на министерот за трговија Расим Љалиќ кој минатата недела испратил писмо до Секретаријатот на ЦЕФТА со итно барање да се одржи вонредна седница заради мерките кои ги воведе Македонија со кои е прекршен договорот на ЦЕФТА.

Секретаријатот на Цефта ќе распарава за одлуката на Владата на Македонија за ограничување на увозот на пченица и брашно од Србија јавува агенцијата БЕТА. Србија сеуште нема воведено никакви официјални мерки против Македонија.

Владата на северниот сосед најави мерки на реципроцитет доколу во наредните шест дена не се реши проблемот со ограничувањето на увозот на пченица и брашно од Србија во нашата земја.

Како што најавија од српската влада во случај да не се реши спорот, ќе биде ограничен увозот на домати и вино од Македонија. Мерките на македонската влада со кои за килограм увезена пченица, домашните увозници треба да купат три килограми домашно брашно, а за килограм брашно од Србија да купат четири килограми домашна пченица почнаа да се применуваат од 1 јули.

Вчера на границата со Србија беше доста тензично, во очекување што ќе се случува како што вчера објави НОВА. Македонските гранични инспектори беа на границата, но како што јавија српските медиуми од српска страна биле вратени неколку пратки со домати од Македонија. Од владата на нашиот северен сосед одговорија дека нема никакви официјални мерки за забрана, туку дека станува збор за единичен, изолиран случај.

Одлуката на македонската влада за ограничување на увозот на пченица и брашно предизвика бура од реакции во Србија.

-На Македонците треба да им покажеме заби” изјавил секретарот на Здружението на земјоделските комори на Војводина, Џорџе Бугарин коментирајќи ја одлуката на македонската Влада.

На најавата за ембарго на македонските домати и вино од страна на Србија, реагираат во асоцијацијата на земјоделци во Македонија, а тоа предизвика незадоволство и акј сосптвениците на винариите.

-Доколку Србија го ограничи увозот на домати тоа ќе биде голем удар за земјоделството, а последиците ќе ги сносат производителите бидејќи најголемиот извоз на патлиџани е токму во Србија, Хрватска и Косово изјави за НОВА Ристо Велков од регионалниот Сојуз за земјоделство.

-Таков реципротитет ќе преставува сериозен удар за извозот на македонското вино во Србија. Последиците што во таков случај би се почувствувале во сегментот на винопроизводтсвото во земјава, никако не би смееле да се потценат земајќи ја во предвид големината на уделот за учеството на македонското вино на српскиот пазар реагираат од винарија Камник.

Од винаријата сметаат дека македонските институции треба да ги земат во предвид сите фактори при донесувањето на одлуките за понатамошните чекори во врска со регулирањето на односите меѓу конкретните пазарни сегменти на двете земји, а при тоа да обезбедат максимални можности за успешен пласман на нашите вина во соседна Србија.

-Се надеваме дека овој бран на неизвесност набргу ќе не одмине без последици велат од винаријата Камник.
Од Министертвото за земјоделство велат дека не побарале никакво објаснување од српската влада за новонастанатата ситуација, бидејќи како што велат -нема причина за такво нешто.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.