Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Прва клапа на краткометражниот филм „Влакна“

0
By Нова ТВ on July 10, 2013 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, July 10, 2013 12:13

Професор по музичко од средно училиште чудно се справува со смртта на малолетната ќерка, детективка која се обидува да го разреши случајот борејќи се со сопствените демони, средношколка која предвреме пораснала, а сега бара начини за одмазда.

Ова се трите ликови од краткометражниот филм „Влакна“ по сценарио и режија на Елеонора Венинова, во продукција на Partes Social Advertising, кој почна да се снима денеска во Скопје.
Наредниве седум дена, филмот ќе продолжи да се снима на повеќе локации низ главниот град, на Скопска Црна Гора, како и во Битола.

Филмот е дел од сценариото за долгометражен филм во четири дела, развивано на скрипт корнерот на 32. издание на Интернационалниот фестивал за филмска камера „Браќа Манаки“ во Битола. „Влакна“ е драматична крими приказна.

Режисерката Венинова објасни дека „Влакна“ сценариото почнала да го пишува додека живеела во Етиопија.

– Тогаш во рок од еден месец сменив живеалишта на три континенти и имав три различни реалности кои ми се мешаа во главата. Сакав низ една детективска приказна да ги третирам внатрешните демони на двајца сосема различни луѓе, еден дојденец, господин Херман, кој крие нешто од другите и детективката Вели која крие нешто од себе – објаснува Венинова.

Главните улоги (детективката Викторија Вели и господин Херман) ги глумат македонската актерка Ирена Ристиќ и српскиот актер Бојан Жировиќ, кој прв пат учествува во македонско остварување. Жировиќ доаѓа од белградскиот театар „Ателје 2012“, зад себе има повеќе улоги во телевизиски серии и филмови, а а познат е и по улогите во „Смрт на човекот на Балканот“ и во „Свети Ѓорѓе ја убива ламјата“. Тој рече дека она што особено му било интересно во сценариото се токму тие назнаки што би требало да му кажат нешто на гледачот, но не и да му откријат сè.

– Вистински предизвик за актерот е да одговори на двозначноста која ја носи сценариото. Тука ја имаме загонетката на ликот. Мојот лик е човек со лоши склоности кои сака да ги избегне, да ја избегне и одмаздата која доаѓа од најблискиот. Во исто време имаме страв, љубов и одмазда што ми е особено интересно за изведба – вели Жировиќ.

Сценариото има ангажиран контекст. Продуцентот Небојша Илијевски објаснува дека филмот зборува за деструктивните социолошки феномени и последиците од нив, но исто така и за себеоткривање и себеприфаќање низ ликот на детективката Вели.

– Во денешен контекст на општествено поведување по најгласните трендови, во време на молчење за сопствените потреби, сметавме дека е важно кон филмот да придружиме и поширок контекст – активизмот. Во самата екипа имаме сериозни професионалци – филмот го развивавме со помош на многунаградуваниот директор на фотографија, Миладин Чолаковиќ, а сценариото е развивано со Мартен Рабартс од Холандија во рамките на скрипт корнер на „Браќа Манаки“.

Дел од актерската екипа на „Влакна“ се и Слаѓана Вујошевиќ и Марија Арсенкова. Директор на фотографија е Димо Попов, автор на музиката е Дејан Спасовиќ, сценографијата е на Филип Велковски и на Никола Анѓелковски, а изборот на костими го направи Верица Андреевска – Спасовиќ. Асистент на режија е Ивана Стевановска. 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026
shortcut
ФОКУС
July 29, 2026

Собрание: Сторниран е законот за „Скопје град на културата без тендери“

ВЕСТИ July 29, 2026

Претседателот на Собранието при утврдување на дневниот ред на седницата не го предложи законот за…

Евростат: Северна Македонија со најнизок стандард и најслаба куповна моќ во Европа

July 29, 2026

Стоп за законска перална за пари: Граѓанската платформа за борба против корупција реагира на Предлог-Законот за спроведување на проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028 година“

July 29, 2026

Москва: Русија издаде меѓународна потерница за основачот на Телеграм Павел Дуров

July 29, 2026
ТИКЕР

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.