Три илјади припадници на Националната гарда на САД се вклучени во отстранувањето на последиците од катастрофалните поплави предизвикани од урганот Харви во Тексас, главно околу и во градот Хјустон,четврти по големина во САД, каде од четвртокот до сега паднале околу половина метар дожд. Досега загинаа пет лица.
Гувернерот на Тексас Грег Абот изјави дека 14 авиони и 500 возила ќе бидат вклучени во спасувањето на луѓето заглавени во поплавените куќи.
Главниот аеродром во Хјустон е затворен, а исто така се затворени и околу 250 патишта.
Во некои делови на Хјустон забележни биле рекордни врнежи, до 69 сантиметри во предградијата Дејтон и 63 во Санта Фе.
Улиците на Хјустон се претворени во реки, па движењето низ градот е опасно.
Американската национална метеоролшка служба соопшти дека до целосно претстанување на невремето во некои приградски места ќе паднат уште 1,3 метри дожд, а во Хјустон уште околу еден метар.
Абот пак предупреди дека најлошото се уште не поминало и ги повика граѓаните да не се обидуваат да користат возила.
Влијанието на ураганот Харви се смета за најлошо досега.