Меланија Трамп го изнервира Тексашаните и твитерџиите. Се појави во по катастрофално поплавениот Тексас, жртва на ураганот Харви, со високи штикли како да тргнала на свечена вечера или коктел. Високите потпетици беа од скапата марка Лубутен. Но главата носеше качкет на кој пишува ФЛОТУС (First Lady of the United States – Прва дама на САД).

«Помошта пристигнува! Немајте гајле, Меланија носи специјални штикли за урагани», твитна глумецот Бред Волак. Другу твитерџии додадоа: «Некој треба да и каже на Меланија дека штиклите треба да бидат повисоки поради поплавата», «Смирете се дечки, Меланија зела со себе и резервни чевли».
«Одлична идеја Флотус. Можете да го собирате ѓубрето со вашите штикли», твитна актерката Џесика Кирсон.
Освен штиклите Првата дама на САД беше критикувана и поради јакната и очилата со кои личеше на пилот.
Помеѓу стотиците твитови беа и «Мисли дека е во Топ Ган (познато училиште за пилоти во САД)» или «Меланија го вози авионот до Тексас». Многумина ја споредуваа со Марија Антоанета, француската кралица од 18 век која на изгладнетиот народ му порача да јаде колачи ако нема леб. «Народот нека носи штикли ако нема други чевли», пишуваа твитерџиите.
И додека најголемиот број твитерџии се шегуваа со Меланија, некои беа лути и напиша дека «ова не е фото сеанса, луѓето се борат за да преживеат».
Меланија брзо сфатила дека погрешно се облекла за оваа посета па на нозете стави патики. Но тоа не ги спречи социјалните мрежи да продолжат со критики.
Дури и познатиот магазин Ваниту Феар напиша: «Од штиклите до качкетот Меланија Трамп покажа како не треба да се облекувате кога има природна катастрофа».





