НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Димитров: Важно е Грција да го препознае новиот момент во Македонија

1
By Нова ТВ on August 30, 2017 ПОЛИТИКА
Архива
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Важно е да воспоставиме отворена релација, да видиме што е најважно за Грција и да го објасниме тоа што е најважно за Македонија. Важно е и за Грција да го препознае новиот момент во Македонија и да го поддржи, изјави денеска министерот за надворешни работи Никола Димитров, пред утрешната посета на шефот на грчката дипломатија Никос Коѕиас на Скопје.

– Убеден сум дека со упорност и отвореност, со пораката дека и за Грција е важно Македонија да успее и има стабилен и просперитетен сосед. Грција е постара демократија од нашата, член е на ЕУ и НАТО и има многу важна геостратешка позиција регионот. Мислам дека може да игра важна улога во зацврстување и буткањето на целиот регион на Балканот. Важно е и за Грција да го препознае новиот момент во Македонија и да го поддржи, изјави Димитров одговарајќи на новинарско прашање.

Главна тема на разговорите со Коѕиас се очекува да бидат можностите за проширување на мерките за градење доверба.

– Довербата е првиот чекор кон пријателство и тоа е многу важна работа. Имаме досега најголема делегација од 15 претставници што денеска се враќа од Атина, а целта е да се прошират мерките за градење доверба во повеќе области и да се направат пореални и да се имплементираат, рече Димитров.

Посочи дека се направени два клучни чекора што не се директно поврзани со разликата околу името, но го отсликуваат духот и новата надворешна политика на Македонија.

– Успеавме да затвориме едно отворено прашање со соседна Бугарија и да ја претвориме од пречка во поддржувач на иднината на Република Македонија. Второ, повлековме една сериозна линија на корективни мерки согласно времената спогодба. Ова министерство и Влада ги земаат сериозно преземените обврски, го земаат сериозно Уставот на Македонија и ќе бидеме многу принципиелни и цврсти во контекст на излетот што ни се случи во Канада. Тоа само ќе ни ги зајакне позициите и во однос на утрешната средба и генерално во однос на Грција, изјави Димитров.

Во соопштението од грчкото МНР со кое се најавува посетата на Коѕиас се вели дека тој ќе се сретне со неговиот колега Никола Димитров, по што ќе има проширени разговори, а потоа и заедничка изјава за медиумите. Тој пќе биде примен од претседателот Ѓорге Иванов, претседателот на Владата Зоран Заев, и заменик-премиерот, одговорен за односи со ЕУ, Бујар Османи, и ќе се сретне со претставници на парламентарните партии.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

ВЕСТИ August 4, 2025

Во најновите руски напади извршени 405 напади врз 10 населени места во Запорожјето, а три…

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

August 3, 2025

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.