НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Успешна домашна реформска агенда за влез на Македонија во НАТО

0
By Влатко Чаловски on August 30, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Иднината на Македонија е во НАТО а за тоа има силна поддршка од САД и европските партнери, порачаа денеска амбасадорите на САД и Германија на конференцијата „Македонија кон целосно членство во НАТО” која се одржа во македонското МНР.

Македонија беше домаќин на оваа конференција во сорботка со Европскиот центар за безбедносни студии „Џорџ Маршал“ и Алумни Асоцијацијата на Маршал центарот во Македонија.

Поддршката од Америка ја пренесе амбасадорот Џес Бејли, притоа напоменувајќи дека најважно од се е да се спроведат неопходните реформски приоритети.

Осврнувајќи се на долгогодишниот спор за името на Македонија со Грција, Бејли додаде дека  нема илузии оти спорот ќе биде решен преку ноќ, но дека сега е историски момент за да се направи напредок на тој план.

„Знаеме дека вашиот пат кон НАТО е понекогаш фрустрирачки, но вие издржавте… Во Подгорица, заменик-претседателот Пенс ја повтори отвореноста на НАТО и ги поттикна лидерите да ги решат проблемите од минатото и да ги обединат луѓето, притоа совладувајќи ја корупцијата и да изградат транспарентни влади. Во Македонија ја поздравуваме новата енергија за средување на односите со соседите“, истакна Бејли.

Како што дополни тој, членството во НАТО подразбира делба на вредности, а тоа значи демократија, индивидуална слобода и владеење на правото кои треба да бидат зајакнати во Македонија.

Новиот германски амбасадор во земјава Томас Норберт Герберајх, за пример го зеде последниот дипломатски инцидент меѓу Србија и Македонија, и затоа рече особено е важно напорно да се работи на регионалната соработка и добрососедските односи.

„Членството во НАТО на земјата ќе и овозможи да дејствува во една безбедна средина за да може да се посвети на реформската агенда која и претстои во наредните години. Ваквите процеси на промена и трансформација бараат многу храброст и сила,“ истакна германскиот амбасадор Герберајх.

Министерот за надворешни работи на Македонија, Никола Димитров укажа дека новиот дух за конструктивност на македонските власти веќе е препознаен по регионот и дека Македонија е неопходно за стабилноста на Балканот да стане 30.члена на Алијансата.

„Членството на Црна Гора е значајна придобивка како за земјата така и за регионот но и за Алијансата. Сметаме дека е неопходно Македонија да стане што поскоро полноправна членка на НАТО. Целта на оваа влада е да изгради силни институции наспроти владеење со цврста рака. Суштината на домашната реформска агенда е граѓаните да ја контролираат власта  а не власта да ги контролира граѓаните. Со тоа ќе се тргнат некои забелешки кои Алијансата ни ги испрати од самитот во Варшава“, рече тој.

Тој ја потенцираше поддршката која ја добила државата од заменик-претседателот на САД, Мајк Пенс, кој неодамна за време на Јадранската повелба рече дека НАТО е отворен за Западен Балкан, како и поддршката од Јенс Столтенберг, и изјавите на лидерите од средбите во регионот.

Димитров порача и дека новиот пристап мора да биде согласно европските стандарди и барањата од НАТО, а тоа значи дека Македонија, која се гледа како полноправен член на НАТО, во следниот период ќе го зголеми учеството во мировните мисии за 20 отсто, додека буџетот за одбрана ќе биде зголемен за 0.2 отсто секоја година.

Од потписниците на Вилнус декларацијата, Македонија е единствената која остана да не е членка на НАТО и ова е историска шанса за државата и за членките да работат заедно и Македонија наскоро да се најде во Алијансата.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.