НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

21 лице загина од ураганот Ирма

2
By Нова ТВ on September 9, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ураганот Ирма, кој го достигна петтиот степен на скалата Сафир Симпсон се упати синоќа кон северното крајбрежје на Куба на патот кон Флорида, оставајќи зад себе пустош на повеќе карипски острови и 21 жртва, а се очекува зголемување на бројот на загинатите со доаѓањето на екипите за спасување во најпогодените подрачја.

Шефот на американската Федерална агенција за управување со вонредни ситуации (ФЕМА) Брок Лонг изјави вчера дека американските власти подготвуваат опсежни мерки за реакција на ураганот Ирма, кој се очекува да ја погоди Флорида.

Тој предупреди дека некои делови од Флорида би можеле со денови да останат без електрична енергија, а можеби и подолго, како и дека на над 100.000 луѓе најверојатно ќе им треба засолниште.

Американските военопоморски сили соопштија вчера дека го испраќаат носачот на авиони „Абрахам Линколн“ на задача да пружи хуманитарна помош, доколку тоа им е потребно на настраданите од ураганот Ирма.

Заедно со носачот на авиони наредба за движење добиле и бродот „Ајво Џима“ и големиот десантен брод „Њујорк“. Кон нив постои можност да се приклучи и разурнувач.

Ураганот Ирма е проследен со ветрови со брзина од 250 километри на час. Ураганот се насочи кон јужниот дел на Бахамските Острови и се очекува да премине покрај крајбрежјето на Куба.

Околу 1,2 милиони лица засега се погодени од Ирма, а според Црвениот крст оваа бројка може да се зголеми на 26 милиони лица.

Нова опасност се појави од исток од каде се заканува ураганот Хосе, кој зајакна, достигнувајќи ја според наводите на американскиот Центар за урагани, мошне опасната категорија четири на скалата на јачина на ветровите Сафир-Симпсон.

Хосе е проследен до ветрови од 240 километри на час и напредува кон запад. Третиот ураган во Атлантскиот Океан – Катја достигна втор степен и е закана за атлантското крајбрежје на Мексико. Тој може да засегне над еден милион лица во мексиканската држава Веракруз.

загинати Ирма ураган
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.