Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Отворено писмо на професорите од Стоматолошки факултет до деканката

0
By Нова ТВ on September 11, 2017 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, September 11, 2017 12:58

Професорите на Стоматолошкиот факултет испратија Отворено писмо со кое го искажуваат своето незадоволство од како што велат,незаконски избраната вд.деканка професорката Мирјана Поповска и лошата состојбата во која се наоѓа Факултетот. Како знак на револт, бидејќи ректорот Никола Јанкуловски не го признава регуларно избраниот декан професорот Киро Ивановски, тие не учествуваат во работата на телата, со што е доведено во прашање правното фукционирање на факултетот и запишувањето на студентите. Писмото го обајавуваме во целост.

ОСТАВКА ПРОФ. ПОПОВСКА, ОСТАВКА!

Колешке,

Поминаа повеќе од 4 месеци (130 дена) како ја извршувате функцијата времен вршител на должност декан на Стоматолошкиот факултет при Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј’’ во Скопје. До крајот на периодот за кој што сте назначени, Ви останаат помалку од 50 дена. За нас, овој период не беше воошто лесен, но идејата за враќање на автономијата, опстои! Не беше лесен ниту за нашиот факултет, ниту за нашиот Универзитет. Пред истекот на времетраењето на Вашиот мандат, би требало да го согледаме и Вашето раководење и управување со факултетот.

Прво, не успеавте да одржите ниту една седница на Наставно-научниот совет. Минатата недела Ви пропадна и третиот обид да одржите седницата на овој орган на факултетот, но, како и претходните пати, немавте кворум за работа. И покрај сите притисоци врз дел од нашите колеги, не успеавте да обезбедите ни просто мнозинство. Уште на почетокот на Вашиот мандат, Ве известивме дека нема да присуствуваме на седниците со кои раководите!

Второ, неуспеавте да одржите ниту една седница на Деканатската управа. Се обидовте и да го смените и нејзинот состав. Назначивте три в.д. продекани, но и тоа не помогна за да обезбедите просто мнозинство. Следеше и предвремено прекинување на мандатот на постојните раководители на катедрите. Дури, назначивте в.д. раководителни. Но, откако Ве предупредивме дека оваа Ваша активност е спротивна на актите на Универзитетот ги поништивте донесените решенија.

Трето, не функционира ниту еден постојан одбор, совет и комисија на факултетот. Најголем дел од претседателите на овие тела не сакаат да свикаат седници бидејќи знаат дека донесените одлуки се ништовни. Само еден претседател свика седници на две тела, но немаше кворум за работа.

Четврто, не успеавте да формирате комисија за упис на студенти. Во скоро 60-годишното постоење на Стоматолошкиот факултет, за прв пат, и тоа кога Вие сте в.д. декан, беше доведен во прашање уписот на студенти. Дали од незнаење или поради несовесно работење, задоцнивте со формирањето на оваа комисија. Мораше Ректоратот да интервенира и да ги запише студентите кои се пријавија на конкурсот. За жал, нашиот факултет е единствениот кој не формира комисија за упис на студенти.

Петто, не ги спроведовте активностите за отпочнување на новата учебната година. Не утврдивте распоред за изведување на теоретска и практична настава. Не го определивте обемот и учеството на сите лица во наставно-образовниот процес. Не реализиравте јавна набавка за потребните материјали за практичната настава на студентите, иако учебната година почнува за неколку дена.

Шесто, свесни сте дека Вашето назначување е неправилно и незаконско . И покрај тоа што Државниот просветен инсепкторат потврди дека сте незаконски и неправилно назначена, Вие си молчите. Освен тоа, продолжувате така и да работите.

За волја на вистината имате и успеси. Во овој период, дури два пати бевте на стручно усовршување во странство. Успеавте и да присуствувате на студентскиот конгрес кој го организираше Студентскиот парламент при Стоматолошкиот факултет. Но, и пред нив премолчивте дека бевте потписник на контрапленумот и дека Ви е многу жал што нема да Ви поминат ,,реформите’’ за кои се залагавте со контрапленумците.

Едноставно речено, проф. Поповска, не успеавте во Вашата визија и мисија. Впрочем и ги немате. Да ги имавте, ќе се кандидиравте за декан и тогаш, во академски дух, ќе ги надминевме овие недоразбирања. Но, Вие одлучивте понаку.

За жал, се оглушивте и на барањата на мнозинството Вашите колеги, професори, кои бараат проф. Ивановски да биде декан на нашиот факултет. Не ги слушнавте ни барањата на мнозинството асистенти и научни работници, кои исто така, го подржуваат проф. Ивановски. Не ги слушнавте ниту барањата на студентите и специјализантите на нашиот факултет.

Отворено Ве прашуваме проф. Поповска: Кого и што слушате? Зарем уште не сте свесни дека мнозинството на професори, асистенти, научни соработници и студенти бараат проф. Ивановски да биде декан на Стоматолошкиот факултет? Не гледате ли дека го доведовте во прашање функционирањето на факултетот. Не гледате ли дека го загрозивте наставно-образовниот процес? Свесни ли сте дека сте учесник во погазувањето на автономијата на нашиот факултет?

Уште што, проф. Поповска, треба да се случи за да си поднесете оставка? Зарем не е доволно што целиот факултет е блокиран со месеци!

Оставка, проф. Поповска, оставка! Тоа е единственото решение за да Стоматолошкиот факултет го продолжи својот долгогодишен развој и сите заедно, вклучително и Вие, да се обидеме да ја подобриме наставно-образовната, научната и здравствениот дејност на нашиот факултет.

П.С. Нема да учествуваме на избори за нов декан на факултетот. Него го избравме. Тоа е нашиот и Вашиот колега – проф. Ќиро Ивановски.

Со почит,
Вашите колеги,
потписниците на Академскиот проглас

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.