НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СВР Велес поднесе кривична пријава против градоначалникот Чадиев

0
By Нова ТВ on September 11, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

СВР Велес поднесе кривична пријава против актуелниот градоначалник на Велес, Славчо Чадиев, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Според пријавата, Чадиев го сторил кривичното дело во периодот кога бил претседател на Совет на општина Велес на тој начин што го прекршил Деловникот за работа на општина Велес  на 62 – та седница одржана на 11.07.2012 година.

Претходно симнатата точка 6 од Дневниот ред, поднесена од градоначалникот на општина Чашка – „Предлог-Одлука за пренесување на правото на сопственост на недвижен имот од општина Велес на општина Чашка “, побарал по итна постапка повторно да биде вратена на Дневниот ред без да ја образложи итноста, иако му било укажано за прекршување на член 61 став 4 од Деловникот за работа на Советот.

Општина Велес била сопственик на недвижен имот – Синдикално одморалиште во с.Горно Врановци, кое било градено со средства на поранешните претпријатија кои работеле на подрачјето на општината, а е евидентиран во имотен лист за катастарска општина Горно Врановци.

Во 2004 година, од страна на Комисијата за приватизација на Република Македонија било донесено решение за преземање на деловно средство, по што објектот бил преземен од Комисијата и доделен на стопанисување на Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор на Република Македонија.

По судска постапка помеѓу општина Велес и наведеното јавно претпријатие, на 15.06.2012 година имотот се запишува повторно во сопственост на општина Велес . По само една недела од донесувањето на одлука, од страна на општина Чашка до општина Велес било поднесено Барање за донесување одлука за пренесување на правото на сопственост на недвижен имот од општина Велес на општина Чашка, односно општина Чашка го побарала синдикалното одморалиште поради работи од јавен интерес од локално значење, но со економски фактор.

По доставени две ургенции од страна на општина Чашка за наведеното Барање, од страна на претседателот на Советот на општина Велес било ставено на Дневен ред на 62-та седница на Советот закажана за 11.07.2017 година и заведена под точка 6.

Од страна на членовите на советот присутни на седницата, точката 6 била симната од дневниот ред со гласање од 22 членови. Спротивно на Деловникот за работа на Советот на општина Велес , Славчо Чадиев тогаш во својство на претседател на Советот веднаш предложил по итна постапка поставување на дневен ред нова точка – Предлог-одлука за пренесување на правото на сопственост на недвижен имот од општина Велес на општина Чашка. Притоа, од страна на членови на Советот на претседателот  му укажале за свесно кршење на Деловникот.

Занемерувајќи го мислењето на одредени членови и наведувајќи дека не се работи за истата точка затоа што сега предлагачот бил друг, тој дозволил расправа по таа точка,  а подоцна и донесување на Одлука по истата точка. Одлуката во Службен весник на Република Македонија била објавена на 16.07.2012 година.

По донесената одлука за пренесување на правото на сопственост на синдикалното одморалиште Горно Врановци од Општина Велес на Општина Чашка, општина Чашка веднаш го огласиле за продажба.

Кривична пријава општина Велес општина Чашка СВР Велес Славчо Чадиев
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.