Американското министeрство за правосудство ја разгледува можноста за покренување на нова постапка против Џорџ Зимерман, кој е ослободен од одговорноста за убиството на ненаоружаниот тинејџер Трејвон Мартин (17) минатата година, јавува Ал Џезира.
Соопштението од министерството пристигна после демонстрациите на илјадници луѓе низ САД против одлуката за одлободување на Зимерман, припадник на т.н. Граѓанска стража.
После протестите, правосудството разгледува дали има доволно докази за Зимерман да биде изведен пред сојузниот суд.
Демонстрациите започнаа во текот на викендот во неколку американски градови. Протестите поминаа мирно, освен во Лос Анѓелес каде полицијата се судри со граѓаните.
Трејвон Мартин беше убиен на 26 февруери минатата година во предградието на Орландо, во него пукаше Џорџ Зимерман со цел да спречи грабеж во куќа.
Месец и пол по убиството беше покренато обвинение против Зимерман за убиство без умисла. Според медиумите предметот беше лошо подготвен, па ослободителната пресуда и не беше некои изнанадувањел.