Владимир Панчевски, поранешениот претседател на Кривичниот суд е осуден за мобинг кој го сторил врз вработениот Горан Стаменковски, објави денеска Основниот суд Скопје 2.
Како што објави Фокус, на изрекувањето на пресудата Панчевски не беше присутен, туку беше само неговиот адвокат Димитар Дангов. Поранешниот претседател сега има право да ја обжали првостепената пресуда пред Апелациониот суд.

Доколку во случај Апелација да ја потврди истата, Панчевски нема да може повеќе да извршува раководна функција, како на пример да биде повторно претседател на Кривичниот суд.
Тужбата за мобинг против Панчевски, поранешниот раководител на секторот за човечки ресурси во Кривичниот суд, Стаменковски ја поднесе, бидејќи,Панчевски во подолг временски период го прераспоредувал Стаменковски на други работни позиции, го казнувал, а тужителот морал и да исполни норма која не постои во праксата на Судот, се вели во тужбата.
Освен тужбата, Стаменковски поднел и две кривични пријави против поранешниот шеф за малтретирање во служба, а втората за повреда на рамноправност.