Експретседателот на Кривичниот суд, судијата Владимир Панчевски денеска треба да се појави пред судија за работни спорови за да ја изнесе својата одбрана по тужбата за мобинг поднесена против него, од вработен во Судот.

Горан Стаменковски од Одделението за човечки ресурси го тужи Панчевски бидејќи во подолг временски период го прераспоредувал на други работни позиции, го казнувал, а тужителот морал и да исполни норма која, како што стои во тужбата,  не постои во праксата на Судот.

Покрај тоа, Стаменковски тврди дека Панчевски го користел и своето влијание во други кривични постапки кои се водат против него. Освен тужбата, Стаменковски поднел и две кривични пријави против поранешниот шеф за малтретирање во служба, а втората за повреда на рамноправност.