Според најавата на метео-алармот од Управата за хидрометеоролошки работи, во текот на викендов, територијата на целата држава ќе биде зафатена со температури од жолта (алертна) фаза. Се очекува покачување на дневните температури, а максималната ќе се искачи и до 37 степен.
За таа цел, Министерството за здравство апелира до граѓаните за посебно внимавање за своето здравје, особено поради температурните осцилации во изминатиот период.
Исто така, потребно е да се избегнува директна сончева изложеност, како и почитување на општите мерки за заштита на здравјето.