Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Без расчистување на политички монтираните случаи нема судски реформи

0
By Нова ТВ on September 16, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, September 16, 2017 18:08

Комитетот за заштита на правата предлага враќање на правдата преку повторување на судските постапки кои биле политички монтирани.  Почесниот претседател, Слободан Богоевски кој е осуден во случајот „Агент“ вели дека законот нема да им ги врати годините во притвор на стотиците неправедно осудени, но ќе ја задоволи правдата.

„Сите вие почнувајќи од мене, стално во тој период се прашувавме  можна ли е правда во оваа држава, можно ли е враќање на одземените права. Нас никој не може да ни го врати  изгубеното здравје, никој не може да ги врати животите на луѓето кои починаа во притвор – затвор  или беа пуштени дома да умрат, за да не се расипе статистиката во Управата за  извршување на санкциите“, рече Слободан Богоевски – почесен претседател на Комитетот за заштита на правата.

Универзитетските професори Љубомир Фрчковски и Беса Арифи, се согласни дека без расчистување на политички монтираните случаи не можат да се спроведат вистински реформи во судството.

„Најтежок во таа група закони, а тоа е  обнова на постапката. Таму се поставува прашање, всушност кои постапки.   Сите сметаат секогаш дека се неправедно осудени Тоа е огромен број и постои опасност да се заглавите и да ви пропадне проектот, ако тоа стане огромен број на зони“, рече Љубомир Фрчковски – професор.

„Без наоѓање на правда за тие случаи не може да се каже дека правдата на било кој начин ќе се воспостави во Република Македонија и не може да се воспостави  ни довербата кон судството  и кон државните органи се додека овие случаи кои што ги знаеме како монтирани случаи на наоѓаат правда“, рече Беса Арифи – професор.

Според нив, извештајот на Прибе укажува на проблемите во правосудството во Македонија и е во линија со реформите кои се подготвуваат за деблокада на судството.

Инаку членови на Комитетот за заштита на правата се осуденици во предметите Шпион, Метастаза, Кампања, Ликвидација, Змиско око и многу други кои велат дека не бараат милост, рехабилитација или амнестија туку пред непристрасен суд да отпочнат нова постапка со која ќе ја докажат правдата.

Беса Арифи Комитет за заштита на правата Љубомир Фрчкоски политички процеси Слободан Богоевски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026
ФОКУС
April 23, 2026Updated:April 23, 2026

Работниците во културата на 28-ми април пак ќе протестираат со прака: „Договорите не се поништуваат, уметниците не се понижуваат“

ВЕСТИ April 23, 2026

Под мотото „Договорите не се поништуваат. Уметниците не се понижуваат“, Синдикатот на култура иницира нов…

Дволичност околу двојните државјанства на пратениците – два важни закона истуркани во еден ден по скратена постапка

April 22, 2026

Трамп: Без договор со Иран, продолжуваме со нападите- нема пролонгирање на прекинот на огнот

April 21, 2026

Избори во Бугарија: гласачите го лизнаа Бојко Борисов – генерален победник е Румен Радев

April 20, 2026
ТИКЕР

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.