Жртвите на семејно насилство низ примерот на жена која го изгубила старателството и децата останале кај насилникот. Како правосудниот систем, но и социјалните работници ги третираат жртвите на семејно насилство. Зошто се зголемува бројот на жртви на семејно насилство?
Ќе успееме ли како држава да држиме чекор напред во справување со оваа појава, во ПРОЦЕС зборуваат Јанаки Митровски адвокат и Савка Тодоровска претседателка на Националниот совет на родова рамноправност и СОС линија на жртви на родово базирано насилство.