НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

КХВ се фали со транспарентост, но ја крие постапката за „Макпетрол“

0
By Нова ТВ on September 22, 2017 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Не стивнуваат реакциите во јавноста по прес-конференцијата на првиот човек на Макпетрол Андреа Јосифовски и одговорот од Комисијата за хартии од вредност, во кој КХВ уште еднаш докажува дека нема намера да почне да работи транспарентно и да ѝ ги открие на јавноста деталите околу ланскиот обид за преземање на Макпетрол, објави порталот а1 он.

Во својот одговор, КХВ вели дека „Комисијата како и во многу наврати така и овој пат потенцира дека во однос на сите предмети, па и во однос на барањето за преземање, постапува целосно одговорно и професионално, исклучиво согласно законската регулатива што важи во Република Македонија“.

Но, Комисијата, освен што ги реди сите можни закони кои имаат допирна точка со нејзината работа, во соопштението не открива врз кој точно закон и кој точно член го темели својот 15-месечен молк за сите аспекти на постапката околу преземањето на Макпетрол. Оттаму, станува јасно дека ова соопштение е неуспешен обид на раководството на КХВ да ги замачка очите на јавноста.

Комисијата дури тврди и дека „транспарентноста на КХВ на РМ е основно начело на нејзиното работење, но се разбира димензионирано во согласност со важечката законска регулатива“. За сите што од почеток го следат случајот со обидот за преземање на Макпетрол, ова тврдење е кулминација на лицемерието на првите луѓе на КХВ. Во реалноста, Комисијата и натаму го држи предметот во целосна тајност, одбивајќи да сподели каква било информација не само со новинарите и јавноста, туку и со акционерите на Макпетрол. Дури ни во самата компанија, која беше цел на обидот за непријателско преземање, не знаат до каде е постапката.

Во скандалозното соопштение на КХВ уште се вели дека „Комисијата за хартии од вредност на РМ како регулатор на пазарот на хартии од вредност при постапувањето по предметите на странките без исклучок води грижа да не им нанесе штета по нивниот углед и интересите, но истовремено ги штити и правата на малцинските акционери“.

Не треба да се биде експерт за да се постават очигледните прашања: како информативниот мрак кој го наметнува КХВ околу случајот ги заштитува малцинските акционери? Како се тие сигурни дека КХВ им ги штити правата, кога таа веќе 15 долги месеци не им дозволува увид во постапката?

Од досегашното однесување на КХВ, изгледа како единствените интереси кои таа ги штити да се интересите на „Балкан Петролеум“ – сомнителна офшор-фирма со потекло од Девствените Острови, со која се поврзани луѓе со докажана историја на матни зделки и перење пари.

Раководството на Макпетрол неделава предупреди дека ќе бара одговорност од КХВ и Централниот депозитар за незаконско постапување во случајот и за нанесената штета во работењето на компанијата.

„Во правна и нормална држава каква што не е Македонија,  некоректната, непристојна и нецелосна понуда на оф-шор компанија како Балкан петролеум ќе беше отфрлена, но предметот сè уште не е затворен“ рече првиот човек на компанијата Андреа Јосифовски на прес-конференција, додавајќи дека е убеден оти целта на обидот за преземање на Макпетрол била компанијата да заврши во приватни раце, да се дисфалификува од нафтениот бизнис и да се смени актуелното раководство.

КХВ Макптерол
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Топлотен бран во Франција, срушени рекордните температури

August 12, 2025

Мал авион на аеродромот во Монтана се урнал на пистата и удрил во повеќе паркирани авиони

August 12, 2025

Пожарите во Шпанија стигнаа до Лас Медулас, место на светското наследство на УНЕСКО

August 11, 2025

Пожар избувна во мотор на туристички брод кај Закинтос

August 11, 2025

Албанските власти почнаа со уривање на нелегално изградени големи објекти, кај Валона урнат трикатен објект

August 11, 2025
ФОКУС

Зеленски: Одлуки поврзани со Украина не можат да се донесат на средбата меѓу Трамп и Путин

ВЕСТИ August 12, 2025

Преговорите меѓу претседателот на САД, Доналд Трамп, и рускиот претседател, Владимир Путин, можат да бидат…

Сирски: Украинската армија постигнува успех во Суми – ослободува украинска територија

August 12, 2025

Трамп: Очекувам да имам средба со Путин која мислам дека ќе биде добра но можеби и лоша – ќе биде за запознавање

August 11, 2025

Шефот на НАТО Марк Рутена: Преговорите за територијална отстапка меѓу Русија и Украина се неизбежни

August 11, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.