Фирмата„ Про-Пласт“ од Сремска Митровица во декември минатата година добила забрана за транспорт на токсичен отпад. Оваа информација до македонското Министерството за екологија штотуку стигнала од српското ресорно министерство од каде информирале дека оваа фирма воопшто нема дозвола за траспорт на ваков вид отпад.
Србија е на нозе. Се води опсежна истрага за тоа каде завршиле 2000 тони токсичен отпад од стопеното железо во челичаната „Сирмиум Стил“.
-Во Србија се води голема истрага во која се вклучени сите надлежни институции. Во наредните денови се очекуваат конкретни одговори за тоа каде завршил токсичниот отпад изјави за НОВА Сашо Секуловски портпарол во Министерството за екологија.
Други детали од истрагата засега не се откриваат. Како што објави НОВА најмалку 2000 тони токсичен отпад од Србија требало да биде однесен во Кина преку Хрватска, Грција и Романија но не се знае каде завршил. Истрагата во која се вклучени и служби од регионот се води бидејќи постои сомнеж дека отпадот воопшто не стигнал до крајната цел, туку дека фирмата „Про -Пласт“ нелегално го фрлила во овие држави.
Српските медиуми јавуваат дека надлeжните се сомневаат дека четири шлепери биле фрлени на територија меѓу Србија и Македонија, а дел завршиле во Јадранско Море. Доколку се покаже дека овие информации се точни тогаш станува збор за еколошка катастрофа од големи размери пишуваат медиумите во соседна Србија.