Значајно се подобри здравствената состојба на Мандела, и можно е да се врати наскоро во својот дом, изјави неговата ќерка Зиндзи во пресрет на 95-от роденден на „таткото на Јужна Африка“.
Според властите, и неговите лекари го потврдиле прогресот. Мандела се наоѓа во болницата во преторија од 8 јуни.
„Го посетив вчера и гледаше телевизија со слушалките на него“, рече Зиндзи Мандела во интервју за британските медиуми.
„Длабоко се насмеа и не поздрави…одговора со своите очи и раце“, дополни таа.
Зиндзи вели Мандела, кој денес полни 95 години, ја повраќа својата енергија и сила.
>> Зошто Нелсон Мандела има шест имиња?
Ролилала Мандела, кој стана првиот црн јужноафрикански претседател по завршувањето на апартхејдот во 1994, е во болница поради периодична инфекција на белите дробови.