Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Г.Петар: Ја добивме Св.Петка – Аврамовски демантира

0
By Нова ТВ on July 18, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, July 18, 2013 13:42

Владиката Петар објави крај на 16 годишниот судски спор што се водеше за имотот на црквата „Св.Петка“ во Австралија, која сега е под управа на МПЦ. Претседателот на Здружението на македонските заедници во Австралија, Игор Аврамовски демантира.

Македонската православна црква-МПЦ го доби и со тоа заврши 16-годишниот судски спор што го водеше пред австралиските судови, а во врска со имотот на црквата „Св. Петка“ во Австралија.

Ова го објави на денешната прес-конференција во Битола митрополитот преспанско-пелагониски и администратор австралиско-новозеландски г. Петар истакнувајќи дека Врховниот Суд на Нов Јужен Велс донел одлука со која е завршено судењето во врска со имотот на црквата „Св.Петка“ првично регистриран како имот на МПЦ, а подоцна без знаење и без одобрение на црковните власти бил пререгистриран од инкорпорирана компанија, односно Асоцијацијата македонска православна заедница црква „Св.Петка“.

>>НОВА дојде до одлуката на Врховниот Суд на Нов Јужен Велс

Спротивно на тврдењата на владиката Петар, претседателот на Здружението на македонските заедници во Австралија, Игор Аврамовски Александров за НОВА вели:

„Имотот ниту бил некогаш регистриран како имот на МПЦ, ниту пак сега ќе биде, бидејќи МПЦ не е правно лице во Австралија. Петар изгиби по точката за законска сопственост врз имотот. Законски сопственик останува Асоцијацијата“, објаснува Аврамовски.

Според него владиката Петар добил само по точките во врска со разрешувањето на свештеникот и по неговото право да ограничува кој може да биде член на Асоцијацијата, врз основа на некои наводни црковсни правила, кои важат само за неговара Епархија.

Аврамовски најави жалба пред Врховниот суд на Австралија.

Од Здружението на македонските поравославни заедници прашуваат дали Синодот на МПЦ – ОА ќе дозволи дополнителни стотици илјади долари да се трошат пред Врховниот суд на Австралија или конечно ќе назначи надлежен митрополит на местото на администраторот Г.Петар.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.