Над 200 луѓе биле уапсени во Москва за време на протестите по затворањето на опозиционерот Алексеј Навални, кој вчера беше осуден за криминал и доби казна затвор од 5 години.
Актвисти за човекови права соопштија дека неколку илјади луѓе демонстрираа вчера пред Кремљ и дека биле уапсени 209 лица.
Московската полиција соопшти дека протестот не бил најавен, а демонстрантите биле агресивни, но не дава детали колку лица се уапсени. Против пресудата за Навални, вчера имаше протести и во Санкт Петерсбург а релевантни светски институции и организации го осудија потегот на московскиот суд, врзувајќи ја одлуката со наредба на Путин.