НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Гинеколози за 500-800 евра на црно продавале смртоносен лек  

0
By Менче Атанасова Точи on October 2, 2017 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Постојат сомнежи дека матични гинеколози за сума од 500 до 800 евра им ги продаваат на црно вагиналетите од кои минатата недела трудница за малку ја избегна смртта, а нејзиното бебе почина. Овој лек кој не е регистриран во државата во соседните држави се продава за 10-11 евра,  тврдат на Клиниката за гинекологија.

„Доктори им ги продаваат за пари во ординациите и тоа за сума од 500 до 800 евра. Има индиции и за други случаи но, пациентките не признаваат“, изјави Викторија Јовановска директорка на Клиниката за гинекологија.

Јовановска потенцира дека гинекологот кој и ги дал вагиналетите на девојката која сакала да ја прекине бременоста во осмиот месец  знаел дека бебето ќе почине, но морал да знае дека го става во опасност и нејзиниот живо. Тој и дал пет вагиналети, што е голема количина од лекот. Дежурната екипа одвај успеала да ја спаси пациентката која обилно крварела и постоела опасност случајот да заврши фатално. Станува збор за 24 годишна девојка која не сакала да роди бидејќи имала семејни проблеми.

„Докторот знаел дека бебето ќе почине бидејќи циркулацијата се пореметува, а дежурната екипа не знаеле за што се работи се додека пациентката не признала. Имаше опасност случајот да заврши со смртни последици и по трудницата бидејќи можело да прсне матката, за што ќе беше обвинет  дежурниот гинеколог на Клиниката“, рече  Јовановска.

Од клиниката тврдат дека пациентката го кажала во изјавата името на гинекологот  кој и дал го дал лекот и очекуваат дека Државниот и санитарен инспекторат случајот ќе го пријави во полиција. На Клиниката имаат сознанија и за други вакви случаи, но пациентките обично не признавале дека земале од вагиналетите. Лекарите објаснуваат дека ваквиот лек им е потребен и бараат да се регистрира, но за други употреба,  не е  за поодминати бремености како што е случајот со девојката.

Инаку, првичните сознанија од  инспекцијата која работи на случајот со четирите новороденчиња кои починаа во една вечер се дека човечкиот фактор не е причина за нивната смрт. Комисијата во четврток треба да се изјасни и за одговорноста на дежурниот педијатар која излегла од работа и се вратила кога првото новороденче веќе било при крај, односно пред да почине.

 

 

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

УНЕСКО бара пристап до образование за авганистанските жени

August 15, 2025

ЕУ повика на прекин на „секоја ескалација на тензиите“ во Србија

August 14, 2025

Телата на четворица мажи пронајдени во водите на Сена крај Париз

August 14, 2025

Лондон и Берлин подготвуваат директна железничка врска преку Ламанш

August 14, 2025

ИНСТАТ: Населението во Албанија продолжува да се намалува, во првата половина од годинава пад на наталитетот за 7 отсто

August 13, 2025
ФОКУС

Белград: Воени сцени во центарот на градот

ВЕСТИ August 16, 2025

Граѓани и студенти и ноќва се судрија полицијата.

Белград: Центарот на главниот српски град и ноќва е поприште на немири

August 15, 2025

И вечерва протести низ Србија

August 15, 2025

Белград: Вечерва Србија врие – протести и инциденти речиси во сите градови

August 14, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.