Најмалку тројца загинаa по судирот помеѓу лојалистите и противниците на соборениот египетски претседател Мохамед Морси. Десетици илјади луѓе протестираа низ градовите во Египет.
Убиството на тројцата загинати се случи за време на судирите меѓу ривалските демонстранти во делтата на Нил во градот Мансура. Уште шест други се повредени во немирите.
Во меѓувреме, војската предупредува дека можна е ескалација на насилството на било кои идни масовни протести против соборувањето на претседателот кое беше извршено на 3 јули.
Огромна толпа која го подржува Морси се собра во Каиро пред Раба ал-Адавија џамијата во петокот, каде што приврзаниците на Морси отседнуваат од моментот кога војската го собори поранешниот претседател.