НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пациенти во инвалидски колички ги чекале хирурзите кои си отишле дома

0
By Менче Атанасова Точи on October 3, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пациентите околу 16 и 30 часот веќе биле тргнати да си одат кога се појавил ПР советникот на министерот Таравари и започнал да ги враќа лекарите од дома.

Околу 25 пациенти во инвалидски колички кои биле дојдени на Комисија за утврдување на инвалидитет со часови чекале во ходникот на Хируршките клиники бидејќи ниту еден од лекарите од комисијата не се појавил за да ги прегледа. Ова се случувало денес, вторник попладне кога пациенти со тежок инвалидитет  биле дојдени од цела држава на закажани термини, а членовите од лекарската комисија не само што не дошле, туку не ги ни известиле пациентите предвреме да не тргнуваат од дома.

На фотографијата на НОВА се гледаат стари изнемоштени, тешко болни луѓе како беспомошно чекаат,  дојдени од сите градови во државата во придружба на своите најблиски.

Дел од нив околу 16 и 30 часот веќе биле тргнати да си одат кога се појавил ПР советникот на министерот Таравари, кој некој од нив го побарал да интервенира. Тој им ветил дека ќе бидат прегледани сите до еден и започнал да ги враќа лекарите од дома.

Комисијата е составена од шест лекари и нивни заменици, ортопеди, трауматолози, хирурзи, некои од нив на раководни и директорски места, како што е директорот на Ургентниот центар, на пример.

Од Министерството за здравство за НОВА потврдија дека на крај успеале да ги соберат лекарите  кои ги прегледале измалтретираните пациенти. Нивното образложение било дека членовите на Комисијата не можат да се соберат во полн состав, но кога биле повикани да се вратат, сите се појавиле.

Во четвртокот минатата недела, истите пациенти се јавија во НОВА во доцните попладневни часови откако членовите на Комисијата за утврдување на инвалидитет не се појавиле на закажаниот термин. По неколку часовно чекање пациентите си заминаа дома.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

УНЕСКО бара пристап до образование за авганистанските жени

August 15, 2025

ЕУ повика на прекин на „секоја ескалација на тензиите“ во Србија

August 14, 2025

Телата на четворица мажи пронајдени во водите на Сена крај Париз

August 14, 2025

Лондон и Берлин подготвуваат директна железничка врска преку Ламанш

August 14, 2025

ИНСТАТ: Населението во Албанија продолжува да се намалува, во првата половина од годинава пад на наталитетот за 7 отсто

August 13, 2025
ФОКУС

Белград: Воени сцени во центарот на градот

ВЕСТИ August 16, 2025

Граѓани и студенти и ноќва се судрија полицијата.

Белград: Центарот на главниот српски град и ноќва е поприште на немири

August 15, 2025

И вечерва протести низ Србија

August 15, 2025

Белград: Вечерва Србија врие – протести и инциденти речиси во сите градови

August 14, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.