Хелен Томас, пионер- новинарка која ја покриваше Белата куќа речиси пет децении, почина на возраст од 92.
Таа почина во нејзиниот стан во Вашингтон по долго боледување, јави Gridiron Club, историска прес организација од Вашингтон.
Томас покриваше администрации на 10 американски претседатели и беше позната по поставување на тешки прашања, но и критички коментари за сите власти.
Таа беше икона на прес-конференциите на Белата куќа и се смета за пионер на жените во новинарството.
Ветеранот на NBC Вестите, дописникот Андреа Мичел напиша на Твитер дека Хелен Томас “го направи тоа можно за сите нас кои подоцна се појавивме во новинарството”.