Филип Први, 53 години, е седмиот крал на Белгија кој денес се заколна пред Параментот на ова кралство откако неговиот татко Алберт Втори одлучи да абдицира во негова корист.
На националниот празник на Белгија денес Филип се заколна на трите национални јазици – француски, холандски и германски, дека ќе го почитува Уставот и дека ќе ги задржи националната независност и интегритетот на територијата.
Пред заклетвата во Парламентот Алберт Втори утринава абдицираше. На своите 79 години тој сметаше дека неговите години не му дозволуваат да продолжи ефикасно да ја извршува функцијата на шеф на државата.
Изминатите 20 години во кои беше крал, Белгија ја доживеа својата најсериозна институционална кризаво текот на која државата успеваше да состави влада во текот на повеќе од една година, светски рекорд во составување на влада.
Алберт Втори ја изрази целата своја доверба за својот син уверен дека тој ги има “квалитетите на срцето и интелигенција за да и служи на земјата во неговите нови одговорности”. На сите политичари во земјата тој им порача дека треба да работат на кохезијата на земјата.
Во текот на својот говор Алберт Втори ја подвлече и важноста на ЕУ и рече дека во неа да се верува. “Во нашиот свет денес оваа европска конструкција е повеќе било кога неопходна. Во многу области предзвиците можат да се песретнат единствено преку ЕУ”, рече десегашниот монхарх.
По абдицирањето Алберт Втори ги изненади сите присутни високи гости и сите кои чинот го гледаа на телевизија со тоа што, со емоции во гласот, и ја испрати својата приврзаност на сопругата Паола со интимната формула: “Едноставно благодарам и голем кис”. По овие зборови Паола дискретно ги избриша солзите а сцената предизвика многу емоции низ целото кралство.