Најмалку пет лица загинаа во шумските пожари во Португалија и Шпанија. Пожари му се закануваат и на градот Виго, каде приградска студентска населба морала да биде евакуирана.
Во Шпанија денеска беснеат вкупно 150 пожари, а во Португалија, пак, се регистрирани 440 шумски пожари, во средните и северните делови на земјата.
Трите смртни случаи се пријавени во областите Пенакова и Серта, при што имало и 25 повредени лица. Дваесетина села морале да бидат евакуирани. Поради пожарите, во прекин е и сообраќајот во неколку португалски градови.