Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Царовска: Сиромаштијата мора да се искорени, никој да не гладува

0
By Нова ТВ on October 17, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, October 17, 2017 11:57

Екстремните форми на сиромаштија мора да се искоренат. Никој не смее да остане без храна, облека и покрив над глава. Македонија е со Устав дефинирана како социјална држава, но во реалноста, системот често затајува, вели во пораката до граѓаните, на светскиот ден на сиромаштијата, министерката за труд и социјална политика , Мила Царовска.

 

„Оваа борба е и наш најголем предизвик, бидејќи во Република Македонија 21,5 проценти од населението живее во сиромаштија

Сиромаштијата е одредена од економски, социјални и политички фактори. Секако, таму се наоѓа и решението.

​За позначајни резултати на ова поле е потребно време. Но кога постои политичка волја, некои работи може да се менуваат веднаш- како што е кратењето на непродуктивни и неразумни трошоци, за да останат повеќе пари  за граѓаните, за заедницата.

Нашата главна обврска е да излеземе во пресрет на најранливите, а со тоа и најпогодени од сиромаштијата. И тоа не само преку парична помош, туку и со нивно вклучување на пазарот на труд. Само така вистински се прекинува кругот на сиромаштија од генерација во генерација.

Во нашата земја, за жал, не се сиромашни само оние кои што немаат работа, туку и голем број вработени. Токму затоа се важни мерките за зголемување на минималните приходи, со кои на луѓето директно им се помага да се искачат над линијата на сиромаштија, односно  минималното ниво на приход кој е потребен за да се обезбедат животните потреби.

За да успее оваа борба на младите мора да им се гарантира перспектива, можност да работат и напредуваат дома, за да запре нивното иселување.

Треба многу да се работи и на подобрување на економската позиција на жените во нашето општество, што е клучно за севкупниот развој. Исто како што е важно образованието да биде квалитетно и достапно.

Значаен дел од борбата против сиромаштијата е социјалните услуги да бидат блиски до граѓаните. Обезбедување различни видови услуги и функционални центри за поддршка, значат и подобар животен стандард за граѓаните.

Почитувани сограѓани,

За да измериме колку сме постигнале во оваа борба, мора да си поставиме одредници. Нашата цел на среден рок е да ја намалиме стапката на сиромаштија под 16% во 2020 година.

За исполнување на целта, клучен е економскиот развој кој ќе значи повеќе средства и услуги за сите. Секој од нас, а особено ние, кои носиме одлуки во ваше име, мора да останеме посветени на оваа кауза- Што повеќе луѓе да исчекорат над линијата на сиромаштија и никогаш повторно да не се најдат под неа. Да создадеме општество во кое никој нема да биде изоставен, порача министерката Мила Царовска.

излез сиромаштија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
ФОКУС
May 1, 2026

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

ВЕСТИ May 1, 2026

Протест на Сојузот на синдикатите на Македонија под мотото „За плата се бориме, не се…

„Не се молиме“ – првомајски протест на ССМ за повисока минимална плата

May 1, 2026

ССМ: Отворено писмо до работниците – Да живее Први мај / Работнички протест Работнички дом 1-ви мај, петок,11 часот

April 30, 2026

Москва – Вашингтон: Путин и Трамп 1.5 час на телефон

April 29, 2026
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.