Социјална мрежа Reddit, спроведе анкета со цел да се претстават внатрешните односи во Европа.
Според анкетата, жителите на Европа најмногу ја сакаат Германија, а најомразени се Ватикан, Косово, Албанија, Македонија.
Според одговорите на сите земји од Европа, мислењето е дека најпривлечни луѓе има во Шведска. Македонија и во оваа категорија има најмалку поени, односно ниеден поен.
Французите според анкетата имаат најсмешен акцент.
Околу 1900 испитаниците одговараа на пет прашања: омилена земја, земја која најмногу се сака освен сопствената, која земја најмногу конзумира алкохол, земјата со најатрактивни жители, и која е земјата со најсмешен акцент.