Поранешниот претседател на САД, Џорџ Х. В. Буш ја избричи својата глава во знак на поддршка за момче болно од леукемија.
Агент на тајната служба на САД во своето детално досие напишал дека има две-годишен син, кој ја губи косата како пропратен ефект од третманот за рак.
Буш, 89-годишниот Републиканец, дејствувал по своја волја откако увидел дека и други агенти ја избричиле својата глава.
Џорџ Буш постариот, и неговата сопруга Барбара, го изгубиле своето второ дете, 4-годишниот Робин од леукемија пред речиси 60 години.
Тимот задолжен за личната безбедност на одредена група или личност при Соединетите Американски Држави, лансираше веб-сајт со цел да се соберат пари за медицинското лекување на малото дете засега идентификувано како Патрик.
Џорџ Х. В. Буш беше 41 претседател на САД, а отслужи еден мандат од 1989 до 1993.
извор CNN