НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Епидемијата на морбили не стивнува, анализи ќе се прават во Луксембург

0
By Менче Атанасова Точи on October 27, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Два нови случаи на мали сипаници се регистрирани во последната недела, што бројот на заболени се зголеми на 19 луѓе од почетокот на епидемијата, во средината на септември до сега.

„Десет од заболените се од населба Маџари-Кванташка депонија, две лица се од Чаир, а по едно лице е регистрирано од село Кондово, општините Шуто Оризари, Кисела Вода и Бутел. Двајца заболени се од Прилеп и Струга, но привремено престојуваат и работат во Скопје. Едно од пријавените заболени лица е странски државјанин кое живее во  Липљан, Косово“, информираат од Секторот за контрола и превенција во ИЈЗ.

Вонредната вакцинација очигледно не ги даде саканите резултати бидејќи епидемијата не е запрена.

Од тие причини, но и за да се утврди кој генотип на вирус е позитивните примероци на 30 октомври ќе бидат испратени до референтна лабораторија во Луксембург, за потврда и генотипизација, информираат  од Институтот за јавно здравје. Од таму велат дека присуството на осетлива популација овозможува лесна преносливост и циркулација на малите сипаници меѓу населението.

Според податоците од ИЈЗ, дури 73,7 проценти од заболените годинава не биле вакцинирани со МРП, a најголем број од заболените припаѓаат на најмалите возрасни групи до 4 годишна возраст. Од секторот за контрола и превенција во ИЈЗ велат дека засилените активности на тимовите за вакцинација во изнаоѓање на лица кои не се вакцинирани резултирале со вакцинација со прва доза  МРП на помалку од 1000 деца, што како што велат, тоа не е доволно за јакнење на колективниот имунитет кој би спречил понатамошно ширење на појавата на нови случаи со мали сипаници.

Стручњаците велат дека загрижува фактот што интересот за вакцинација континуирано опаѓа низ години. Од земја каде што опфатот со вакцинацијата изнесуваше 95 проценти, во  последните две години има значителен пад на опфатот на 88,8 проценти и 82,1 процент. Најголем дел од не вакцинираните деца се од Скопје, каде што опфатот со вакцинација изнесува само 67 проценти. Надлежните информираат дека според последните информации  7764 деца кои подлежат на редовна вакцинација со  прва доза против морбили останале  невакцинирани. Епидемиолозите препорачуваат заштита и на медицинскиот персонал за да се спречи ширењето на болеста.

„Појавата на случаи на мали сипаници кај здравствени работници и лица кои работат во здравствени установи ги става овие лица во ризична група, а воедно придонесува и за понатамошна трансмисија на заболувањето. Фактот што сите се вакцинирани барем со една доза вакцина ја наметнува потребата од задолжително вакцинирање со две дози МРП, спроведување на личните заштитни мерки и зајакнати санитарно –хигиенски мерки во здравствените установи во кои се лекуваат заболените од мали сипаници, со цел спречување на интерхоспитални инфекции“, велат во Институтот за јавно здравје.

Од таму препорачуваат  да се продолжи со засилениот епидемиолошки надзор, пријавување и контрола, хоспитализација и изолација на заболените со потешка клиничка слика, а на заболените со лесна клиничка слика да се препорача изолација во домашни услови. Задолжителна проверка  и пронаоѓање на невакцинирани деца и нивно вакцинирање.

Матични лекари, педијатари, инфектолози и другиот медицински персонал  да го проверат својот вакцинален статус. Доколку не постојат податоци  за  вакцинација против мали сипаници или доказ за прележана болест, потребно е  комплетно да се вакцинираат со две доза на МРП вакцина (на растојание од еден месец).  Доколку се вакцинирани само со  една доза, потребно е да се вакцинираат и со втора доза на МРП вакцина, препорачуваат во секторот за контрола и превенција во ИЈЗ.

 

 

 

 

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИНСТАТ: Населението во Албанија продолжува да се намалува, во првата половина од годинава пад на наталитетот за 7 отсто

August 13, 2025

Хакери украле податоци од хотели на десет илјади туристи во Италија

August 13, 2025

Водата во Пехчево не е безбедна за пиење

August 13, 2025

Експлозија во фабрика за експлозиви во Бразил уби деветмина и повреди седум лица

August 13, 2025

Топлотен бран во Франција, срушени рекордните температури

August 12, 2025
ФОКУС

123 нови загинати палестинци во израелски напади за последното деноноќје

ВЕСТИ August 13, 2025

Израелската војска денеска повторно го бомбардираше градот Газа пред планираното преземање, при што уште 123…

Зеленски: Одлуки поврзани со Украина не можат да се донесат на средбата меѓу Трамп и Путин

August 12, 2025

Сирски: Украинската армија постигнува успех во Суми – ослободува украинска територија

August 12, 2025

Трамп: Очекувам да имам средба со Путин која мислам дека ќе биде добра но можеби и лоша – ќе биде за запознавање

August 11, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.