Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Бизнис Тудеј“: Субрата Рој е загрижен човек

0
By Нова ТВ on July 26, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, July 26, 2013 08:40

Врховниот суд им упатил известувања на двете компании на Субрата Рој, „Сахара Индија рил естејт корпорејшн“ (Sahara India Real Estate Corporation) и „Сахара хоузин инвестмент корпорејшен“ (Sahara Housing Investment Corporation), дека не ја испочитувале одлуката на судот за рефундирање на 190 милијарди Рс или околу 3,5 милијарди долари на инвеститорите преку СЕБИ (Securities and Exchange Board of India), пишува индискиот весник Бизнис Тудеј (Bussiness Today) .

Известувањата биле издадени на петиција од страна на Sebi што бараше поведување на постапка за недепонирање пари собрани од инвеститорите со регулаторот на пазарот во однос на наредба донесена од страна на Судот, со кој претседаваше главниот судија на Индија (неодамна во пензија) Алтамас Кабир кој го продолжи времето на исплата.

Во најновото барање на судиите, Субрата Рој мора да достави конечен одговор до вторник.
Судиите изјавиле дека на компаниите нема повеќе време да им се даде и тие не може да барааат повеќе одложување во случајот.

На последниот датум на сослушувањето на 17 јули, Судот изјави дека првиот човек на Сахара Субрата Рој и директорите на двете други компании ќе мора да се појават пред него, ако не се почитува оваа одлука.

Врховниот суд на 5 декември донесе одлука според која на фирмите на Субрата им определи период од девет недели за враќање на инвеститорите сума од 4,38 милијарди долари, со 15 отсто камата.

Судот, соопшти дека СЕБИ може да ја сопре продажбата на имот и да ги замрзне банкарските сметки на компаниите ако тие не ја рефундираат сумата на пари.

СЕБИ има нови, значајно поголеми овластувања со што може лесно да активира секакви начини да се делува против неплаќачите.

-Субрата Рој, првиот човек на групацијата Сахара, сега е загрижен човек, поради неговото конфронтирање со пазарниот регулатор СЕБИ. Владата на СЕБИ му даде поголема моќ, со што оваа институција ќе може да одзема имот и банкарски сметки на личности и компании кои не ги спровеле нивните одлуки, како и исплата на казни, рефундирање на средства на инвеститорите или исплаќање на други доспевања, пишува „Бизнис тудеј.

Индиската Влада се согласила со барањето на СЕБИ, да и се дадат поголеми овластувања за да им се стави крај на неплаќачите, односно таа добила такви овластувања какви што имаат судовите- сега СЕБИ ќе може да издаде налог за претрес, конфискација, заплена на имот, па дури и апсење на неплаќачите и да даде насоки за враќње на погрешно стекнати добивки направени спротивно на законот.

Во Индија се смета дека одлуката да му се дадат поголеми овластувања на СЕБИ може да е испровоцирана од спорот со Сахара.

СЕБИ лани донесе одлука дека „Сахара груп“ им должи на инвеститорите 4,38 милијарди долари. Доколку групацијата во меѓувреме уплатила 934 милиони долари тогаш сепак остануваат за враќање уште 3,5 милијарди долари. „Сахара“ тврдеше дека овие пари им ги има вратено директно на двете компании кои што купиле нејзини обврзници. Но, ова нејзино тврдење беше предмет на истрага, бидејќи СЕБИ тврдеше дека не може да го утврди текот на парите.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026

Целата полиција на нозе – сего бара Абдул Б. кој со минибус влета во луѓе во главниот германски град

July 26, 2026

Пожарите во Франција и Шпанија се надвор од контрола – евакуирани се над 220.000 луѓе

July 25, 2026
shortcut
ФОКУС
July 29, 2026

Собрание: Сторниран е законот за „Скопје град на културата без тендери“

ВЕСТИ July 29, 2026

Претседателот на Собранието при утврдување на дневниот ред на седницата не го предложи законот за…

Евростат: Северна Македонија со најнизок стандард и најслаба куповна моќ во Европа

July 29, 2026

Стоп за законска перална за пари: Граѓанската платформа за борба против корупција реагира на Предлог-Законот за спроведување на проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028 година“

July 29, 2026

Москва: Русија издаде меѓународна потерница за основачот на Телеграм Павел Дуров

July 29, 2026
ТИКЕР

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026

Целата полиција на нозе – сего бара Абдул Б. кој со минибус влета во луѓе во главниот германски град

July 26, 2026

Пожарите во Франција и Шпанија се надвор од контрола – евакуирани се над 220.000 луѓе

July 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.