НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(ФОТО)Собранието експресно ги збриша графитите за Кежаровски

0
By Сашка Цветковска on July 26, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Графитите во црвена боја „Слобода за Кежо“ кои завчера ноќта осамнаа насекаде околу Собранието вчера рано утрото, пред стартот на седницната за пратенички прашања на која присуствуваат и министрите и премиерот, беа експресно „изрибани“. Фотогофрафиите кои вчера ги направи НОВА откако на социјалните мрежи се појавија фотографиите од акцијата од непознати граѓани пред Собранието покажуваат дека службите во законодавниот дом здраво се помачиле за да ги избришат написите со кои се бара слобода за притворениот новинар.

>>ФОТО: Графити пред Собранието „Слобода за Кежаровски“

Но, интересно е што службите ги бришеле само графитите со оваа содржина, а други, многу помасивни чкртаници на тарабите пред Парламентот очигледно воопшто не им пречат. Оваа фотографија овде е снимена на тарабите пред главниот влез каде малиот црвен напис „Слобода за Кежо“ е избришан, а до него стојат чкртаници во огромни димензии, кои по се изгледа, не претставуваат проблем за Собранието.

Оваа фотографија е снимена од задниот влез на Собранието со кој во моментов се служат пратениците. И таму сите тараби се „светнати“ и солидно „изрибани“.

Во околината на Собранието имаше уште многу написи со содржина „Слобода на Кежо“, но речиси се е избришано, вклучувајќи го и хит написот пред самиот влез на кој веќе му нема трага, односно на неговото бришење службите по се изгледа посветиле најмногу време.

Но, ете, еден напис останал незабележан, а тоа е оној исцртан на самиот паркинг каде народните избраници ги паркираат своите автомобили.

Кој бил толку вознемирен од написите за ослободување на новинарите останува енигма, но брзата акција на светнување на тарабите не се спровела насекаде, па така, останаа написите за Кежаровски во останатиот дел од Центарот на градот.




Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИНСТАТ: Населението во Албанија продолжува да се намалува, во првата половина од годинава пад на наталитетот за 7 отсто

August 13, 2025

Хакери украле податоци од хотели на десет илјади туристи во Италија

August 13, 2025

Водата во Пехчево не е безбедна за пиење

August 13, 2025

Експлозија во фабрика за експлозиви во Бразил уби деветмина и повреди седум лица

August 13, 2025

Топлотен бран во Франција, срушени рекордните температури

August 12, 2025
ФОКУС

123 нови загинати палестинци во израелски напади за последното деноноќје

ВЕСТИ August 13, 2025

Израелската војска денеска повторно го бомбардираше градот Газа пред планираното преземање, при што уште 123…

Зеленски: Одлуки поврзани со Украина не можат да се донесат на средбата меѓу Трамп и Путин

August 12, 2025

Сирски: Украинската армија постигнува успех во Суми – ослободува украинска територија

August 12, 2025

Трамп: Очекувам да имам средба со Путин која мислам дека ќе биде добра но можеби и лоша – ќе биде за запознавање

August 11, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.