Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Новинарите до Судот: Сте го заборавиле Уставот

0
By Нова ТВ on July 26, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, July 26, 2013 14:19

Иницијативниот одбор за ослободување на новинарот Кежаровски од притвор денеска му одговори на судот откако вчера институцијата ги нападна новинарите кои протестираа, нарекувајќи ги „таканаречени“ и обвинувајќи ги дека им вршат притисок

>>Судската власт остро ги нападна новинарите

Со должно внимание ја прочитавме вашата реакција по протестот за ослободување од притвор на новинарот Кежаровски, организиран пред Основен суд 1. Зачудени сме што, наместо на јавноста и на граѓаните да им дадете објаснување зошто навистина новинарот Кежаровски толку долго е во притвор, вие се обидувате да ги дискредитирате и иницијативниот одбор и новинарската професија во целина.
Дозволете да ве потсетиме на следниве факти:

Основна улога на новинарите е критички да ја следат работата на секоја власт, вклучувајќи ја и судската, сѐ со цел јавноста и граѓаните да бидат информирани за тоа како се извршува правдата и дали се почитуваат основните човекови права и слободи.

Правото на правично судење гарантирано со членот 6 на Европската конвенција за човекови права, меѓу другото, подразбира и отвореност на судот и јавност на постапките. Нашиот протест е организиран токму поради нетранспарентноста на судот во постапката против Кежаровски и, оттаму, не може да се нарекува „притисок врз судството“.

Вашиот таканаречен притисок врз македонското судство деновиве не го прави иницијативниот одбор, туку ОБСЕ, делегацијата на ЕУ во Македонија, Меѓународната федерација на новинари, медиумските асоцијации од Европа, здруженијата на новинарите од регионот, ИФЕКС, „Репортери без граници“, Мрежата на медиумски организации на Југоисточна Европа, СЕМО… Доколку овие апели и барања не се стигнати до Основниот суд 1 преку медиумскиот простор што и тие го „злоупотребуваат“ со вакви изјави стоиме на располагање во секое време да ги доставиме до судот.

Нѐ загрижува леснотијата на вашиот искажан став, според кој постојат „таканаречени форми на слобода на изразување“ со кои ние го изразуваме „незадоволството од очекуваниот тек на постапката, па со оваа цел, преку различни ’иницијативни одбори’ и други интересни групи, со организирање протести пред судот, ставајќи се над законот и Уставот на Република Македонија“.

Слободата на изразување нема таканаречени форми и таа е една и единствена и е заштитена со Уставот на РМ (член 16) и со членот 10 од Европската конвенција за човекови права (ЕКЧП). Во оваа пригода ќе ви цитираме дел од ставот 1 од членот 10: „Секој има право на слобода на изразување. Ова право ја вклучува и слободата на свои мислења и на примање и испраќање информации и идеи без попречување од страна на некој јавен орган и без оглед на границите“. Дополнително сме зачудени од вашето заборавање на Уставот на РМ и на членот 21, кој вели дека „граѓаните имаат право мирно да се собираат и да изразуваат јавен протест без претходно пријавување и без посебна дозвола“.

Доколку навистина со нашите јавни изречени ставови и со нашето уставно загарантирано право на протести, како што се наведува во соопштението на судот, „се прави упад во независното функционирање на судскиот систем и примена на законите, се загрозуваат правниот поредок и правната еднаквост на граѓаните“, тогаш како граѓани на Македонија сме длабоко загрижени за кревкоста на судскиот систем. Ако со свирчиња новинарите направиле упад во независноста на судот, тогаш што прават политичките елити и другите центри на моќ со нивните инструменти за притисок врз судството?!

Не сакаме да веруваме дека судот намерно ја дезинформира јавноста кога во соопштението наведува дека со „постојаните притисоци на таканаречениот иницијативен одбор“ „обвинетиот новинар се става во привилегирана позиција во однос на преостанатите обвинети“, па дури дека и „на овој начин се злоупотребува позицијата новинар за да се прикаже во јавноста дека во Република Македонија се ускратуваат правата на слобода на изразување“. За медиумите и новинарите, но пред сѐ, за целокупната јавност во Македонија, исклучително е важно судот да покаже дека го уважува, го признава и го поддржува слободното новинарство и го смета како нужна неопходност, која ги штити јавниот интерес, плурализмот и демократијата во нашата држава.

Ве поздравуваме со членот 16 од Уставот на Република Македонија:
Се гарантира слободата на уверувањето, совеста, мислата и јавното изразување на мислата. Се гарантира слободата на говорот, јавниот настап, јавното информирање и слободното основање институции за јавно информирање. Се гарантира слободниот пристап кон информациите, слободата на примање и пренесување информации. Се гарантира правото на одговор во средствата за јавно информирање. Се гарантира правото на исправка во средствата за јавно информирање.
Се гарантира правото на заштита на изворот на информацијата во средствата за јавно информирање.
Цензурата е забранета.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.