Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Банките побараа стечај за реструктуирање на ФЕНИ

2
By Сашка Цветковска on October 30, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, October 30, 2017 18:13

Комерцијална банка, Силк роуд (поранешна Алфа банка) и А.Д. Стопанска банка како банки најголеми доверители на ФЕНИ Индустри Кавадарци, денеска дале предлог до надлежниот суд за отворање на стечајна постапка „во најкраток можен рок, со продолжување на активностите на ФЕНИ индустри, за да се изврши реорганизација и да се изнајде сериозен инвеститор кој што ќе може да ги преземе и сервисира обврските на ФЕНИ индустри кон вработените, банките и другите доверители“. Ова беше кажано на денешниот брифинг во Владата помеѓу банките и вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев.

Генералниот директор на Комерцијална банка, Хари Костов, информираше дека долговите на ФЕНИ кон банките кредитори изнесуваат 40 милиони евра, додека 20 милиони евра компанијата им должи на други доверители како локалните транспортери, добавувачи итн.

Костов истакна дека во нивен интерес не е затворање на ФЕНИ, туку отворањето на стечај ќе значи ангажман за итно наоѓање на инвеститор кој што ќе може да ја продолжи работата на компанијата и да ги исплати долговите кон доверителите.

Во прилог на тврдењето дека продолжување на работата на компанијата е и нивен приоритет Костов го посочи фактот дека тие обезбедиле македонска компанија која што деновиве дала позајмица на ФЕНИ, чии што сметки се празни, за да се исплати плата на вработените, кои според Костов не би требало да страдаат во процесот.

Претставниците на банките обвинија дека раководството на ФЕНИ, кое досега го претставуваше инвеститорот „Кунико“ не настапило искрено во процесот на изнаоѓање на решение за состојбата на компанијата. Во однос на според нив шпелкулациите кои се појавиле во медиумите дека Кумико нашле нов инвеститор „Ене код“, Костов рече дека тоа не е точно, за што потврда е и денешната состојба во Централниот регистар во кој што не постојат никакви промени во сопственичката структура, но посочи други примери кои според него укажуваат на неверодостојни искази за време на преговорите во кои сите страни се труделе да најдат решение за судбината на ФЕНИ.

– Ние немаме ништо против „Ене код“ да ја преземе ФЕНИ , но според начинот на кој досега постапуваа, се сомневаме дека „Ене код“ е компанија која што има капацитет даги преземе обврските – рече Костов.

Костов и Анѓушев информираа дека во ФЕНИ биле пратени инспекции за да го проверат финансиското и материјалното работење на компанијата.

– Тие не поднеле ниту завршна сметка, што е ззаконска обврска на секоја фирма во земјава, има констатирано и многу неправилности во работењето за кои се одговара пред законот, а во фирмата со години не влегла никаква инспекција – рече вицепремиерот Анѓушев и нагласи дека тој нема да навлегува во наодите на надлежните инспекции бидејќи тоа е работа на надлежните институции и органите на правдата.

Анѓушев исто така рече дека не е негова работа да се меша во овие постапки, но тие како Влада се овде со цел да помогнат да се изнајде решение, поради фактот дека од работата на ФЕНИ зависат илјадници семејства од југоисточна Македонија, но и дека фероникелот е сеуште суровина која добро котира на берзите и оваа компанија има идниниа и зазема важно место во македонската економија.

Анѓушев додаде дека на состанокот биле поканети и претставници на инвеститорот „Кунико“, но тие не можат да бидат лоцирани, а нивните мобилни телефони се исклучени.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.