Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Екс министерот за здравство Тодоров отвори адвокатска канцеларија

1
By Нова ТВ on November 1, 2017 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, November 1, 2017 11:14

Поранешниот министер за здравство од ВМРО-ДПМНЕ, Никола Тодоров денеска основа адвокатска канцеларија, потврди Тодоров за НОВА ТВ.

Канцеларијата на идниот адвокат ќе се наоѓа во населбата Капиштец.

 

 

Во мај оваа година, откако новите министри од владата на СДСМ ги презедоа  функциите, Тодоров кој беше избран за пратеник, на својот профил на социјалната мрежа најави дека ќе се повлече од пратеничкото место и ќе се посвети на својата примарна професија како адвокат.

„Имајќи предвид дека планирам во иднина повеќе да се посветам на мојата основна професија како адвокат, како и да можам да дадам поголем придонес во партиските активности, дозволете ми да Ве информирам дека одлучив да поднесам оставка на функцијата пратеник во Собранието на Република Македонија“, напиша Тодоров.

Бил приправник на истражен судија во Основниот суд Скопје 1 во септември 2002 и тоа е се од правосудството. На  27 години влегува во политиката и почнува да реди функции. Со доаѓањето на власт на ВМРО-ДПМНЕ, од 2006 до 2007 е заменик директор на ЈП за стопанисување со станбен и деловен простор. Кусо време е раководител во скопскиот Катастар, а во јули 2009 седнува во министерската фотелја во образованието и таму останува до јули 2011. Последна политичка функција на Тодоров е министер за здравство каде што остана до последниот ден од владата на ВМРО-ДПМНЕ.

Инаку Тодоров е еден од министрите од владата на Груевски за кого граѓаните во текот на годините бараа оставка. Поради бројните смртни случаи, Тодоров го доби надимакот „министер за смрт“.

Смртта на деветгодишната Тамара Димовска од Велес, која имаше искривување на рбетот, е еден од кобните случаи за кои граѓаните го обвинуваат Тодоров. Битката за спас на девојчето со надлежните институции траеше со месеци месеци. Тамара не издржа во правната процедура и почина чекајќи потпис од лекарите.

Со Тодоров како министер за здравство се врзува и скандалот со тендерот за набавка на рендген и дигитални апарати во вредност од 1 милион евра, што го доби фирмата „Визарис МКД“, чиј сопственик беше мајката на новинарката од телевизијата Сител, Ивона Талевска.

Последните денови од неговото министерување, Тодоров го потпиша договорот за изградба на нов Клинички центар во вредност од 72 милиони евра.

Тодоров е член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, неколку циклуси беше шеф на изборниот штаб на партијата и лојален на лидерот, Никола Груевски.

 

адвокат адвокатска канцеларија ВМРО-ДПМНЕ Никола Тодоров
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026
shortcut
ФОКУС
August 15, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км должина и 2.400 м. висинска разлика

ВЕСТИ August 15, 2026

Македонската репрезентација забележа одличен настап на Балканското првенство во Планински велосипедски маратон – МТБ, што…

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026

Гостиварчани конечно се напија и од своите домашни чешми

August 14, 2026
ТИКЕР

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.