НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ноќни контроли низ Скопје, воздухот е загаден од палење отпад

0
By Нова ТВ on November 2, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Државниот инспекторат за животна средина направи повеќе теренски контроли на територијата на скопските општини, посебно во Карпош, Ѓорче Петров и Гази Баба. Направени се ноќни обиколки по дојави на граѓани, при биле утврдени многубројни палења отпад на отворено, кои покрај загадувањето на воздухот, претставуваат и опасност за безбедноста на граѓаните. Загадувањето доаѓа и од неконтролирано користење несоодветни горива во индивидуалните куќи и во индустриски инсталации од помал капацитет, кои се под надлежност на локалната самоуправа.

„Теренските активности покажаа дека постои недоволна усогласеност во дејствувањето на Државниот и локалните инспекторати и тоа создава празнини и секојдневна непокриеност на голем број еколошки жешки точки. Тоа јасно покажа дека за да се обезбеди ефикасна заштита на здравјето и животната средина е потребно итно координирање на инспекциите за животна средина. Особено е алармантна состојбата во Скопје, каде што дејствуваат дури три нивоа на инспекторати (државен, градски и општински), а исходот е незадоволителен“, соопшти в.д. директорот на Државниот инспекторат за животна средина и просторно планирање, Мирослав Богдановски.

Од оваа причина, на 8 ноември ќе се одржи координативен состанок со кој ќе раководи заменик министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули. На состанокот ќе присуствуваат претставници на повеќе институции надлежни за животната средина во Скопје – Министерството за животна средина и просторно планирање, Државниот инспекторат, градскиот и општинските инспекторати, како и сите скопски градоначалници, кои го иницираа истиот.

воздух Државен испекторат за животна средина отпад
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.