НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Владата го предложи Љубомир Јовески за државен јавен обвинител

1
By Нова ТВ on November 7, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Владата на Република Македонија на денешната седница донесе заклучок да му предложи на Собранието за државен јавен обвинител да го именува Љубомир Јовески, член на Советот на јавните обвинители на Република Македонија.

Владата оваа одлука, како што соопшти владината прес-служба, освен врз основа на професионалната биографија на Љубомир Јовевски, ја донесе и врз основа на позитивното мислење на Советот на јавните обвинители.

Кој е Љубомир Јовески

Шеесет и тригодишниот Јовески е роден во Прилеп, во 1954 година. Неговото прво вработување, било во 1979 година, како приправник во Секретаријатот за правосудството на Социјалистичка Република Македонија. Во тој период работел на молби за условен отпуст поднесени од осуденици. Работните задачи ги извршувал во Управната зграда на затворот „Идризово“. Потоа станува советник инспектор за извршување санкции.

По неколку години е избран за судија во Општинскиот суд, од 1995 до 1996 година е заменик на претседателот на судот, а набргу станува и вршител на должноста претседател на судот.

Во 1996 година, пак, бил избран за судија на Основниот суд Скопје 2. За неговиот избор рака кренале 72 пратеници, а никој не бил против или воздржан. По седум години судиска кариера, станува обвинител, односно во Собранието е избран за заменик на јавниот обвинител. Овојпат за неговиот избор гласале 75 пратеници, против немало, а еден бил воздржан. Оттогаш, веќе 14 години ја извршува обвинителската функција.

На крајот на 2015 година, пак, е избран за член на Советот на јавните обвинители и тоа од страна на своите колеги од целата држава, кои го бираат членот од своите редови.

Тој во еден период бил и претседател на Управниот одбор на Академијата за обука на судии и обвинители.

Во моментот го довршува својот двегодишен мандат во Советот на јавните обвинители, а претходно бил еден од десетината заменици на Зврлевски.

Постапка за избор

Владата до Собранието го доставува предлогот за јавен обвинител заедно со позитивното мислење на Советот на јавни обвинители. За именување на јавен обвинител Собранието на РМ одлучува со просто мнозинство од 61 глас. Јавниот обвинител на Република Македонија се избира за мандат од шест години.

Државен јавен обвинител Љубомир Јовески
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.