НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кога Франсоа Оланд добива желба да јаде салата!

0
By Светлана Јовановска on July 29, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Лапсусите на францускиот претседател веќе една година ги полнат забавните интернет страници на неговата земја. Оној за Македонија која од францускиот изговор „Маседуан“ се претвори во „Маседони“ е последниот кој, се разбира, остана забележан кај внимателните набљудувачи на неговите говори.

На прес конференцијата во Брдо, Словенија, Франсоа Оланд одговораше на прашање за нашата земја и ја нарече „Маседони“.

Овој назив на нашата земја всушност и не е невообичаен во Франција каде што именката “маседуан” е назив за мешана салата од зеленчук или овошје и каде што многумина го користат токму ова име за да ја означат нашата земја.

Лапсусот на Оланд може да се објасни со тоа што претседателот, запознаен со проблемите околу нашето име со кои се среќаваме, можеби не сакал дополнително да не навреди со тоа што ќе ја нарече со името на добро позната салата.

А ако се одлучиме да го следиме објаснување на Фројд за кој ласпусот е симптом на појавата на потсвесни желби, може да се заклучи дека во моментот на прес конференцијата Оланд добил желба да касне салата!

Но лапсусите не се ништо ново за Оланд. Двата најзначајни, кои можеа да му донесат дипломатска криза, беа кога тој ги помеша Јапонија и Кина а еден месец подоцна Тунис и Египет.

На 7 јуни Оланд беше во официјална посета на Јапонија. На пресот со јапонскиот премиер, Оланд реагираше на смртта на 10 Јапонци во Алжир, жртви на киднапирање и своето сочувство наместо на јапонскиот народ, му го упати на кинескиот народ. За среќа, преведувачот на пресот ја исправи грешката.

Еден месец подоцна, во слична ситуација, на прес со тунискиот претседател Монсеф Марзуки, на Оланд му беше упатено прашање за државниот удар во Египет. „Франција ја следи ситуацијата во Тунис“, рече Оланд и предизвика смеа во салата каде што не станува збор за државен удар.

Во Израел пред една година Оланд измисли нов збор помеѓу „стратегија“ и „трагедија“. Реагирајќи во Израел на убиството во Франција извршено врз повеќе Евреи, Оланд рече „страгедија“.

Сличен лапсус му се случи во Шпанија каде наместо „заверка“ рече „заговор“ зборувајќи за начините на интервенција на Европската централна банка.

Еден од лапусисте кои најмногу им оставија впечаток на француските блогери е сепак оној на Ангела Меркел кога таа Франсоа Оланд го нарече Франсоа Митеран. Лапсус кој наиде на излив на смеа на сегашниот Франсоа (видео долу).

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

ВЕСТИ August 4, 2025

 Драматичните моменти низ кои минува израелскиот заложник Ром Браславски во Газа се забележани во нов…

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.