Али Ахмети е против предвремени избори и бара брзо решавање на проблемот со името за да не дојде до продлабочување на постоечкиот јаз меѓу Македонците и Албанците.
“Зошто да има предвремени парламентарни избори? Ќе се реши со тоа некое суштествено прашање? Ние прво треба да расчистиме дали сакаме изолација, или отвореност и членство во ЕУ и НАТО, изјави Ахмети.
Тој како што нагласи на брифингот за новинарите во Мала Речица е загрижен за меѓуетничките односи во државата. Нагласува дека на брзото зачленување во НАТО може да се гледа како решение и на тие проблеми.
Ахмети тврди дека одредени „групации“ надвор од Македонија не сакаат државата да оди напред и затоа поттикнуваат етнички немири. Ахмети не сакаше да каже на кои групации мисли, но искажа стравување дека ако набрзо не го решиме спорот со Грција и не станеме членка на НАТО, јазот меѓу Македонците и Албанците може да се продлабочи.