Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Марихуаната најкористена дрога-ја употребуваат пет отсто од децата

0
By Нова ТВ on November 21, 2017 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, November 21, 2017 15:10

Загрижува фактот што два проценти од деца на возраст од 11, 12, 13 години користат марихуана, а нивниот број континуирано расте. Податоците покажуваат дека пет проценти од малолетниците на возраст од 15 и 16 години пробале марихуана

Во Македонија марихуаната е најчесто користена дрога. Мажите користат повеќе психоактивни супстанци, а жените повеќе употребуваат седативи. Дрога најчесто земаат лица на возраст од 17 до 27 години, со исклучок на кокаинот кој го користат лица над 30 години. Новите психоактивни супстанци се застапени кај еден процент од популацијата.

Истражувањата покажале дека 8, 9 проценти од населението на возраст од 15 до 64 години употребуваат  некој вид на дрога, а 8, 2 проценти користат марихуана. Дури 16, 1 посто од младите на возраст од 15 до 34 години кажале дека користат некој тип на дрога, а 15 проценти употребуваат марихуана. Ова се податоци добиени годинава, а ги обелодени Институтот за јавно здравје. Досега недостасуваа податоци за преваленцата на употреба на психоактивни супстанци од страна на возрасните лица на национално ниво.

Загрижува фактот што два проценти од деца на возраст од 11, 12, 13 години користат марихуана, а нивниот број континуирано расте. Податоците покажуваат дека пет проценти од малолетниците на возраст од 15 и 16 години пробале марихуана.

Истражувањето е  направено со стручна и финансиска помош на  на Европскиот мониторинг центар за дроги и зависности од дроги со седиште во Лисабон. Од Институтот велат дека испитувањето е со 95 проценти сигурност и е направено на репрезентативни примероци кај 3786 возрасни преставници и 1798 млади луѓе.

„Влијанието на психоактивните супстанци врз здравјето на луѓето е одамна докажано и документирано. Превенцијата, третманот, рековалесценцијата и социјалната реинтеграција се мерки и програми кои имаат голема улога во справување со проблемот на употреба на дроги и редукција на негативното влијание врз општеството. Како дополнување на медицинските аспекти на проблемот кои се резултат на директното влијание на психоактивните супстанци врз здравјето, други форми на штетности претставуваат ризик фактор, не само за лицата кои користат психоактивни супстанци, туку и за луѓето со кои тие доаѓаат во контакт. Во оваа смисла само да ги напоменеме последиците кои доаѓаат од предозираност, траума, самоубиство, ментални нарушувања и болести, инвалидитет и онеспособеност и прерана смрт“, велат во Институтот за јавно здравје.

Во регионот Хрватска е на врвот по користење на марихуана со 19, 4 проценти, во Словенија  15, 8 посто од населението користи марихуана, во Бугарија 7, 5 проценти, а во Германија дури 27,2 проценти од населението користи марихуана.

Земјите на Југо-Источна Европа се коридор за пренос на дроги, особено хероин , кон земјите на Западна и Централна Европа, т.н. “ Балканска рута “. Македонија лежи токму на патот на оваа рута, така што дел од илегалните дроги остануваат и се дистрибуираат и во нашата земја, велат во Инситутот за јавно здравје.

Неколку истражувања за употребата на дроги, тутун и алкохол од страна на учениците, децата од 11-16 години, се спроведени во Република Македонија во изминатиот период.

 

 

 

 

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.