НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во име на секуларните светци, Заев и Борисов, амин

0
By Биљана Секуловска on November 25, 2017 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Иако постојат одредени критики за потегот на владиката Наум- врачувањето ордени од редот Свет македонски крст на македонскиот и бугарскиот премиер Заев и Борисов, од страна на владиката Наум, веројатно не е се како што изгледа на прв поглед.

Доколку си допуштите да се потпрете на вториот поглед, една доза на носталгија и навлажнети очи за старите добри времиња на христијанската црква во средновековието, секако дека ќе ви натежнат, во позитивна смисла.

Сетете се со нежност само на најдоброто од црквата, тогаш кога нивната борба против науката вродуваше со расцветани плодови, сетете се на сите оние научници, сета онаа интелигенција која беше жртва, на сите запалени книги од инквизиторите, крстоносните војни, оние прогони кои имаа само една цел- никогаш да не дојде до напредок на цивилизацијата и човештвото.

Ех, знам што ќе речете. А сега вие погледајте ги само сите оние лудници, каде советските дисиденти беа затворани во време на сталинизмот, тогаш кога лидерот имаше величествена понуда до неговата интелигенција: да ги замени црквите со комунистичкото, тоталитарно општество.

Тоа беа времињата на експанзија на комунизмот- на искоренување на религијата, славење на атеистичките држави, во кои црквата не можела да допре до осакатените срца на нашите верници. За суровоста и ѕверствата пишува и Дорис Лесинг, која вели дека ја напуштила комунистичката партија тогаш кога дознала за постоењето на инквизаторите на Сталин и пљачкосувањата на музеите на руското православие.

Донаторска конференција за црквата Св. Константин и Елена

Подоцна доаѓа друго доба- ера на секуларизмот, кога се станува право и слобода на избор: верниците се окуражуваат повторно да бацуваат раце и потклекнат пред севишниот претставник на бога, од некои испратени со потсмев, од други се слави изборот, некои ги игнорираат овие божествени постапки, некои само го разбираат тоа дадено право за слобода на избор по раѓање, но и гарантирано со Устав.

Првиот претседател на РМ, Киро Глигоров, со некој друг орден, во некои други, секуларни времиња

Каде се политичките лидери тука? Се охрабруваат конечно и зависно од приватните убедувања, некои од нив се држат цврсто за мантијата и ги прават скоро сите обреди пред очите на јавноста за време на религиозните празници (циниците, и не само тие, би впериле прст кон Груевски и неговата утеха која ја наоѓаше во црквата, зависно од дневните гревови) други пак ги одработуваат протоколарно, со почит, различните верски убедувања, но последниве ништо повеќе или помалку од тоа.

Владиката Петар настапува со нумерата “Жими крст и кандило”пред тврдокорното друштво “Тодор Александров”

Би било најлесно да се стави настрана и да се заборави сосема, да се направи еден вид масовна лоботомија за ужасниот имиџ кој го има МПЦ, низ децениите. Архиепископот Стефан секако дека го има лично најголемиот придонес, на неговото конто се финансиските разврати, политичките и бизнис царства со ВМРО-ДПМНЕ и самиот Груевски, зациментираната оска на владиката Петар со Тврдокорните, се само дел од црковно-политичката машинерија која делуваше беспрекорно се до падот на Груевски.

Ордените на Борисов и Заев се најдобриот секуларен потег кој можеше да го стори црквата кон нив-  веројатно не смее да помине многу време, за двајцата да бидат прогласени за светци, чии раце треба сега ние да бацуваме, наместо тие ним, на нивните духовни оци.

Ех, времиња, ех, навики, тогаш кога мислите дека почесното место во вечните ловишта на политиката или во историјата на една држава се  добива ако клекнете и се помолите пред оние кои не најмалку, туку воопшто не им припаѓате, што ви преостанува тогаш, освен да се помолите- во име на отецот, синот и секуларните светци, Борисов и Заев, амин.

 

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЕУ повика на прекин на „секоја ескалација на тензиите“ во Србија

August 14, 2025

Телата на четворица мажи пронајдени во водите на Сена крај Париз

August 14, 2025

Лондон и Берлин подготвуваат директна железничка врска преку Ламанш

August 14, 2025

ИНСТАТ: Населението во Албанија продолжува да се намалува, во првата половина од годинава пад на наталитетот за 7 отсто

August 13, 2025

Хакери украле податоци од хотели на десет илјади туристи во Италија

August 13, 2025
ФОКУС

Белград: Вечерва Србија врие – протести и инциденти речиси во сите градови

ВЕСТИ August 14, 2025

Најжешко е во центарот на српскиот главен град. Илјадници демонстрант предводени од движењето „Студентски отпор“…

123 нови загинати палестинци во израелски напади за последното деноноќје

August 13, 2025

Зеленски: Одлуки поврзани со Украина не можат да се донесат на средбата меѓу Трамп и Путин

August 12, 2025

Сирски: Украинската армија постигнува успех во Суми – ослободува украинска територија

August 12, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.