Денеска попладнe исчезна девојче во населбата Аеродром. Мајката на девојчето, Сања, преку својот ФБ профил ги замолува сите кои можат да помогнат во потрагата или кои можеби ќе ја сретнат нејзината ќерка да и се јават на телефонскиот број 077 726 362. Девојчето се вика Матеа, има 4.5 години и исчезнало во 13 часот додека си играло пред зградата во населбата Аеродером каде што живее. Облечена е во црни куси пантолони, маичка во шарени пруги и носи зелени апостолки.
– Ќе ве молам пријатели, денеска во 13 часот пред маалото каде што живеам во Аеородром исчезна мојата мала ќеркичка Матеа. Таа има само 4.5 години, облечена е во црни куси пантолони, маичка во шарени пруги и носи зелени апостолчиња. Ќе ве молам кој ми ја види нека ми се јави. Ве молам побарајте ми ја и помогнете ми да ја најдам. Ќе ви бидам вечно благодарна целиот живот, напиша мајката Сања.