НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Јеремиќ: Груевски пере пари преку властите во Белград

3
By Нова ТВ on December 1, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателот на Народната партија од Србија, Вук Јеремиќ ги повика денеска истражните органи да ја испитаат врската меѓу Воислав Спарвал, директор на фирмата СЦМГ која го купила крупевачкиот „14 октомври“, со поранешната македонска власт.

Јеремиќ за „ТВ Наша“ рекол дека не се точни тврдењата на Српската напредна партија дека е најден стратешки партнер за „14 октомври“, кој е под стечај од јануари 2016 година, кога фирмата беше проценета на околу 48 милиони евра, туку чешката компанија „Чехословак груп“ во октомври оваа година преку белградската фирма СЦМГ ја купила само централата на крушевачката фабрика за четири милиони евра и тоа преку директна спогодба, без јавна лицитација.

– Само е приграбен имотот, отпуштените работници не се вратени на работа – вели Јеремиќ.

Тој наведува дека по законот, директните спогодби за купопродажба важат само во специјални случаеви, а „специјално во овој случај е што оваа година во Македонија е соборен диктаторски и длабоко корумпиран режим на Вучиќевиот политички брат близнак Никола Груевски“.

– Тогаш луѓето од тој прежим, а пред сите Сашо Мијалков, поранешниот шеф на тајната полиција и десна рака на Груевски, панично почнаа да извлекуваат пари од стечајни корумптивни фирми во Македонија и да ги пласираат по разни шеми, преку рајски острови, Холандија, а во случајот „14 октомври“, преку Чешка – вели лидерот на Народна партија.

Јеремиќ додава дека во Македонија се води крајно сериозна истрага во која учесвтуваат и меѓународни органи, за Мијалков и други луѓе од поранешниот македонски врв, и ги повика српските истражни органи да истражат за „14 октомври“.

Вук Јеремиќ, лидерот на Народната партија е поранешен српски министер за надворешни работи и поранешен генерален секретар на собранието на ООН.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.