Кучињата скитници во Босна и Херцеговина никој не ги отстранува од улиците уште од 2009 година, кога државниот Парламент го усвои Законот за заштита на животните.
Само на подрачјето на Кантонот Сараево евидентирани се над 11.000, објавува Ал Џезира.
Само во Сараево во изминатите 3 години забелажени се над 1.700 напади врз луѓе од кучиња скитници.
Дежурниот телефон на Хигиенскиот сервис за фаќање на улични кучиња во сараевскта општина Нови Град звони по 20 пати на ден.
Вработените во Хигиенскиот сервис во соработка со фондацијата Dogs Trust и со ветеринарните служби во текот на послениот месец успеале да стерилизираат околу 3.000 животни во оваа општина, со што се рпоценува дека на улиците е спречено појавувањето на нови 30.000 кучиња.
Во државите членки на ЕУ каде е на сила ваков закон најпрво се споведуваат низа превентивни мерки за спречување на ширењето на бројот на кучиња скитници, а останатите се сместени во специјани центри за грижа на кучињата. Но, во Босна и Херцеговина тоа не е случај.
Зголемениот број на улични кучиња е дирекна последица на неспроведувањето на превентивните со закон предвидени мерки.