Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Влада на РМ: Се грижиме за пошумување

0
By Нова ТВ on August 5, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, August 5, 2013 14:19

За изградба на објектот на Советот за радиодифузија на парцелата кај хотелот „Бристол“ запазени се сите процедури согласно постојните закони. Овој случај не треба да се користи за политичка промоција, бидејќи со негова изградба државата ќе заштеди пари кои досега се одлевале за кирии, а ќе се овозможи и работа на градежниот сектор, изјави портпаролот на Владата, Александар Ѓоргиев.

– Овој државен инвеститор, Советот за радиодифузија, кој што треба да гради објект на дадената локација ги има добиено сите потребни документи од страна на единиците на локалната власт за да отпочнат со градба. Ги има платено сите комунали врз основа на коишто единиците на локална самоуправа имаат обврска да му го подготват целокупното земјиште за тој да може да почне со градба.

>>Жерновски: Ќе запре дивеењето-Законот ќе се врати во Центар

– Овој државен орган, СРД досега во 10-годишниот период на име на кирии коишто оделе во приватни џебови има исплатено околу 3 милиони евра. Сега со градбата на овој објект тоа веќе нема да се случува, нема да имаме одлевање на државни пари во приватни џебови, го презентира владиниот став на новинарско прашање Ѓорѓиев на денешната прес-конференција во Владата.

>>Протест против синоќешното сечење на дрвата кај Бристол

>>Јавноста жестоко реагира по сечата на дрвата кај х.Бристол

Тој подвлече дека Владата до сега покажала низ своите политики и активности дека се грижи за животната средина и пошумувањето.

– Тоа е вистинското прашање во овој или други вакви случаи, кириите, а не отстранувањето на дрвјата затоа што во досегашниот период оваа Влада докажала дека се грижи за пошумување на Република Македонија како никоја друга влада досега во изминатиот период. Има посадено околу 40 милиони садници, а дополнително во текот на октомври и на ноември ќе бидат посадени уште 5 милиони садници од коишто најголем дел, согласно планот на Владата, е да бидат посадени во рамки на единиците на локална самоуправа, вклучувајќи ја и општината Центар.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.