Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Жерновски: Речиси 98 отсто од планираното ние го сработивме

0
By Влатко Чаловски on August 5, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, August 5, 2013 15:00


И покрај обвинувањата од страна на Владата, дека градоначалникот на општина Центар доцни со ревизија за сработеното, Андреј Жерновски на денешниот отчет за работата на градоначалникот и Советот, напомена дека речиси 98 отсто од ветувањата во предизборната кампања се реализирани или се почнати со реализација.

„Ова се тенденциозни напади. Забораваат дека во Центар имаше 3 изборни круга на гласање. Јас нема да внесувам политика во општината, а работам и ќе работам, а тоа го покажува и отчетот од кој јасно се гледа дека се што беше во изборната програма е 98 проценти реализирано или започнато“, изјави Жерновски.

Жерновски потсети дека општината ја презел со испразнет буџет и долг од 5, 5 милиони евра, и дека секој втор работен ден се справувал со инспекции.

„Проектот Скопје 2014 не го подржувам, но јасно кажав и ќе повторам, нема да уривам. Позади грандиозните изданија од Скопје 2014 се кријат илјадници нерешени животни прашања. Општината беше 13 години киднапирана од власта и ние ја враќаме на граѓаните“, рече градоначалникот на о.Центар.

Тој истакна дека е горд на сработеното, а напомена некои од сработените планирани задачи: Од 1 јули центарци добија бесплатен паркинг, започнатиот процес на гасификацијата на општината, завршената реконструкцијата или оние кои се во тек, улиците: „Пајак“, „Роса Плавева“, „8-март“, „Питу Гули“, „Благоја Давков“ и „Ѓорѓи Пулевски“, новоотворената општинска библиотека-читалната Славко Јаневски.

Жерновски ги повика советниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ да се изјаснат зошто го изгласале ДУП-от со кој се предвидува барокна зграда во паркот кај Бристол, и упати барање до нив да одговорат дали ќе работат за интересите на граѓаните или за, како што вели, политиката на владејачката партија.

Тој им вети на граѓаните дека нема никогаш да одобри одлуки за менување на ДУП-от без нивна согласност.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
shortcut
ФОКУС
June 13, 2026

Трамп: Утре ќе потпишеме договор со Иран, Ормутскиот теснец повторно ќе биде отворен

ВЕСТИ June 13, 2026

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека Соединетите Американски Држави утре ќе потпишат нов договор со…

Трамп: Не знам дали слушнавте – денеска ја завршивме војната со Иран

June 12, 2026

Прилип: 60-ти „Војдан чернодрински“ – Гран при за МНТ за „Страв и надеж“

June 12, 2026

Трамп: Постигнавме одлично решение за војната со Иран

June 12, 2026
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.