НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нема гарaнции дека спорот со Грција ќе се реши во 2018, но има надежи

0
By Нова ТВ on December 14, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Од првата средба со медијаторот Метју Нимиц нема конкретен предлог за решавање на спорот со името. Средбата беше обид, по тригодишниот застој, во преговорите да се воспостави контакт, да се создаде атмосфера за отворање на процесот, наведуваат дипломатски извори.

Првата средба во спорот стар речиси три децении, не може да даде целосна слика за подготвеноста на Грција за компромис, иако и двете страни покажуваат оптимизам за негово решавање, наведуваат дипломатите.

Тие посочуваат дека цво моментов не е корисно да се шпекулира со конкретен предлог за име, бидејќи сега е најважно да се зацврсти подготвеноста да се реши прашањето.

Во целиот процес за Македонија е важно да се стигне до точка кога никој да не може да спори дека сме Македонци, бидејќи идентитетот е  најважен, но, исто така, и отворената перспектива за ЕУ и НАТО, брифираат дипломатски извори и додаваат дека промената на името на аеродромот во Скопје не би требало да биде проблем, како можен прв чекор или гест на добра волја од македонска страна со која ќе ја покаже подготвеноста за изнаоѓање решение.

Но сепак, посочуваат дека во целиот процес предвид треба да се има и политичкиот контекст во двете земји, како и расположението на јавноста за ова прашање.

Македонската страна е подготвена на промена на пристапот кон целиот проблем, напуштање на чекорите на напади и конфронтации и приближување кон Грција, бидејќи како што појаснуваат дипломатските извори,  со оваа земја треба да сме сојузници, а не непријатели.

Овој исклучително важен процес во земјава, меѓутоа, е отежнат од случувањата со опозицијата, наведуваат дипломатите, односно наративот што досега се користеше во јавноста, што само придонесуваше за зајакнување на офанзивниот пристап на Атина.

Според нив, воспоставување на внатрешен консензус не е лесен процес, со оглед на тоа што голем број од носителите на одлуки од редовите на опозицијата се соочуваат со судски постапки, во врска со настаните од 27 април, а исто така и грчката Влада нема единствен став во однос на прашањето, со оглед на позициите за името на министерот за одбрана Панос Каменос

Покрај се, сепак, повеќе од извесно е дека Македонија ќе биде вклучена во Стратегијата за проширување на претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер, најавена за февруари 2018 година, а ЕК може да излезе со препорака за почеток на преговорите и пред април, пред објавувањето на нејзиниот редовен извештај за напредокот.

Дипломатски извори велат дека без разлика на околностите и внатрешни и надворешни, сепак постои шанса, што ќе биде  прва по Самитот во Букурешт од 2008 година, и дека ако во 2018 година „не се фати возот“, нема да се знае на какви околности ќе се наиде во Европа, по изборите за Европскиот парламент.

За разлика од 2008 кога притисокот на меѓународната заедница да влеземе во НАТО беше голем, сега тој притисок не е толку евидентен, иако во интерес на сите е земјата да биде интегрирана и да не биде осамен остров на Балканот, брифираат дипломатите.

Постојат реални шанси и Генералниот секретаријат на НАТО да излезе со извештај до април за билатералното прашање со Грција и за процесот на реформите во земјата.

2018 брифинг името Нимиц Спор со Грција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.