Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Извештајот на комисијата за 24 декември за десетина дена

0
By Нова ТВ on August 7, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, August 7, 2013 08:55

За десетина дена, односно до 24 август е продолжен неформалниот рок за усогласување и усвојување на извештајот на Комисијата задолжена за расветлување нa собраниските настани од 24 декември 2012 година, велат дипломатски извори за Дојче веле. Досега како неформален рок беше утврден 14 август.

Дел од членовите на Комисијата се вратија од одмор, но дел штотуку заминаа, па таа веќе две недели не може да работи во полн состав. На одмор е и надворешниот член на Комисијата, Белгиецот Петер Ванхоуте, па се смета дека со неговото доаѓање составот би бил комплетен.

„Работата е одамна завршена. Прашањето е дали членовите на Комисијата ќе ги надминат тесно-партиските визури низ кои го гледаат извештајот и дали во интерес на приоритетите на земјата ќе демонстрираат волја да го затворат ова прашање на најдобар начин и да покажат дека креираат политики на дијалог и разбирање“, велат дипломатски извори за Дојче веле, кои се добро запознати со работата на Комисијата.

Тие се уверени дека со добра волја извештајот може да биде усвоен и пред крајот на дополнителниот рок.

Работата на Комисијата беше блокирана непосредно пред усвојувањето на извештајот поради спротивставени ставови на нејзините членови за одредени, според нив, „спорни формулации“. Поради тоа, претседателот Борче Давитковски се повлече од Комисијата, но тој негов чин не ги мотивираше претседателите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ да продолжат да ги усогласуваат ставовите на лидерско ниво. Комисијата стана предмет на меѓупартиски пресметки, а во оценката на Давитковски дека „извештајот е балансиран“, дел од аналитичарите препознаа обид за компромис.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ЕУ од Брисел: Иднината на Западен Балкан е во Унијата, реформите остануваат услов

November 26, 2026

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.